Сегашната рекордерка за секс со најмногу мажи со предупредување за Лили Филипс

Лиса Спаркс имаше секс со рекордни 919 мажи во 2004, а сега сподели една непријатност што може да се толкува и како строго предупредување за ОнлиФанс ѕвездата, Лили Филипс, која планира да има секс со 1000 мажи во еден ден.

Лили Филипс неодамна стана вирална кога го реши подвигот „секс со 100 мажи во 24 часа“, но, има уште поголеми амбиции - илјадарче. Со тоа би го срушило моменталниот рекорд кој го држи Лиса Спаркс со нејзините скромни 919. Овој рекорд го постави во 2004, на Третото годишно светско генгбенг првенство во Варшава. Се натпреваруваше со две други жени и ги победи за 21 маж, со тоа што секој од нив имаше 45 секунди со (во) неа.

Сепак, Спаркс признава дека многу жали што воопшто учествувала во шампионатот и вели дека бил „комплетно срање“.

„Да бидам сосема транспарентна со вас; овој настан е нешто за кое ќе жалам што сум го направила во над 21 година кариера во порно-индустријата до ден денес,“ напиша таа на нејзиниот сајт. „Ова беше и единствената работа што прифатив да ја правам исклучиво заради пари.“

Предупредувањето не е директно упатено кон Лили Филипс, ама секако е паметно да се слушаат постарите и поискусните.

Филипс во ноември рече:

„На почеток на февруари ќе одам на светски рекорд, до 1000. Сакам да бидам првата личност на светот што ќе биде со 1000 мажи во еден ден. Многу се радувам. Секако дека е стресно со логистика, но не е страшно.“

Ако, Лили. Соништата се за остварување.

Тука има и документарец.

26 декември 2024 - 10:22