Знаеш кога нешто е толку добро што не сакаш да заврши? Така ми е мене со многу добри први состаноци - сакам да го прескокнам оној непријатен момент кога ќе те испрати до врата и да одам право во спална. Можеби тоа ме прави импулсивна и перверзна, но престанав да го следам правилото на три-до-пет-состаноци уште одамна. Секс на прв дејт ме ослободува, и наспроти општото уверување, никогаш не сум зажалила. Дозволете да објаснам.
Уште откако знам за себе, секс на првиот состанок „не смее“. Повеќето луѓе викаат „немој“. „Нема да те сфати сериозно ако дадеш така лесно.“ Ова го сфатив здраво за готово и кога почнав да се гледам со луѓе, сакав да бидам сигурна дека барем четири пати сум излегла со некого пред воопшто да помислам на секс.
И потоа, само што наполнив 21, отидов на многу спонтан, а многу романтичен дејт на плажа со еден тип што штотуку го имав запознаено - и го сменив пристапот. Како што денот стануваше ноќ (а немаше ни дрога, ни алкохол), зборувавме за интересите, детствата и животните цели. И следна сцена - страсни бакнежи и допирања и веќе одеше натаму. Сепак, бевме во јавност и знаев дека мораме да да внимаваме. Но, длабоко во себе, сакав да продолжам.
„Заеби патријархалните глупости што кажуваат дека секс на прв дејт е најлошо нешто што можеш да го направиш,“ си реков тогаш. И кога ме праша дали сакам да одиме кај него, реков „да“. И никогаш веќе не погледнав назад. Беше една од најепските ноќи во мојот живот и завршивме во двегодишна врска, па и се разделивме пријателски. Никогаш не ме натера да зажалам што одма „се предадов“ и никогаш не се засрамив од тоа. Всушност, се почувствував ослободено и помалку стресно отколку на вообичаен прв состанок. Направив како што сакав и беше одлично.
Скратувањето ме спаси и од одење предлабоко со некои типови со кои не бев сексуално компатибилна. Сепак, единствено полошо од лош секс на првиот состанок е лош секс на петтиот. Земете ја Шарлот Јорк од „Сексот и градот“, кога секунди пред да влезе во црквата да се венча, ја трга Кери на страна и ѝ кажува дека на Треј (типот со кој треба да се омажи) „не му се дига“.
„Требаше да спијам со него на првиот дејт!“ ќе се убиеше Шарлот тогаш.
Ја истера свадбата, но сексуалниот живот (односно, недостатокот) им ја уништи врската. А, во реалниот живот, вакви проблеми има колку сакаш.
Затоа, ве оставам со следново: Ако сте на прв состанок и сакате да одите до крај, но ве секира како ќе изгледа тоа во очите на партнерот, или како ќе ја доживее врската, само стишајте го умот и терајте. Затоа што, ако сме искрени, со вистинската личност, тоа нема (и не треба) да биде важно.