Што се случува со изгледот на Донатела Версаче?

Кога Донатела Версаче излезе пред народ со лице на кое јавноста не беше навикната, се отвори гејзер од муабети за тоа што и како променила на себе.

Но, реално, дали е навистина толку поинаква? Еволутивниот психолог Бернхард Финк предлага дека метаморфозата на Донатела може да се должи на комбинација од неколку фактори. Прво, естетските третмани станаа порафинирани и сè повеќе доктори се свесни дека „природното“ и „што личи на возраста“ е подобро од претерувањето на одредени црти. Понатаму, Донатела има остарено, што може да ѝ ги променило цртите така што сега повеќе ѝ одговараат на возраста. Со други зборови, лицето ѝ станало точно.

Финк коментира и дека што и да направиме, нашите тела го манифестираат стареењето, што значи дека процедурите што ќе ги избереме сега може да имаат последици подоцна. Веќе се знае дека луѓе што претерале со филери не се подобни пациенти за лифтинг - повеќе од половина од 156-те испрашани пластични хирурзи кажале дека им било потешко да изведат лифтинг на лице кај пациенти што постојано оделе на третмани со филери.

А сега, назад на Донатела Версаче. До скоро, веѓите ѝ беа избелени, очите ѝ беа исцрнети, усните преполнети со филер. Сè ова на јавноста ѝ асоцираше на тешкиот живот: убиството на брат ѝ и зависноста од кокаин. Последната трансформација ја прикажува во скротено светло што одговара со традиционалните идеали за убавина, а со тоа ја прави и посекојдневна.

Овде, лиценциран доктор прави темелна анализа:

18 декември 2024 - 00:00