Терапевтката за врски Естер Перел испитува зошто луѓето изневеруваат и расклопува зошто аферите се толку трауматични - затоа што ни се закана по емотивната сигурност. Во неверството, таа гледа нешто неочекувано - израз на копнеж и загуба.
А сепак, што ако неверството, откако ќе потопи сè, ви послужи како темел за градење ново? Нејзиното искуство кажува дека кај многу парови после неверство, одеднаш нема кочници за дискусии (затоа што нема што да се изгуби), одеднаш партнерите споделуваат сè што им лежи на душа, и кај некои дури и неверството е повод да се гради одново, да се појави пак интерес за партнерот, да се почувствува нова енергија.
Многу луѓе во животот имаат по 2-3 врски и бракови. Некои од нив завршуваат и во втор и трет брак со истиот човек.
На нејзините пациенти откако ќе дојдат на советување после афера им вели:
„Вашиот прв брак е готов. Дали сакате да создадете втор заедно?“