Пред некоја недела, Њујорк Тајмс објави статија со совети „што да се прави ако ќерка ти сака да биде дел од трендот VSCO-девојки”, што е знак дека родителите почнуваат да се мешаат и дека трендот ќе заврши пред ние да му го фатиме крајот, но - стварно - што е тоа VSCO-девојка?
„Последново патување во Бали беше сè што сакав да биде - и повеќе. Беше онакво патување што ти собира доволно содржини за постирање на Инстаграм за цел месец, за сите да мислат дека постојано патуваш.”
Во 2015-та, се појавија постери низ Копенхаген - еден, со розеви букви, со слика од кокошкини јајца и прашање „Дали денес си ги изброивте јајцата?” Втор постер, со сино и зголемен сперматозоид, со прашање: „Дали пливаат премногу бавно?”
Новото дејствие ќе биде осум години по крајот на старото и овој пат, креаторите се решени поточно да го рефлектираат светот на њујоршките тинејџери - што значи дека фановите конечно можат да очекуваат повеќе разноликост кај екипата.
Лота Хофместер од Холандија има татко филмаџија, што решил да го овековечи нејзиното растење со по едно кратко клипче неделно. Како резултат, имаме краток филм кој се работи 20 години, на кој Лота од новородено бебе постепено се претвора во 20-годишна девојка.
Време е да ги оставиме бабините деветини на страна и да чуеме што имаат гинеколози и акушери да ни кажат за митовите што се создале од векови наназад рекла-казала.
Постои една вистинска реакција на ова прашање - викаш пу-пу, се поместуваш од место, чукаш во дрво три пати, кажуваш Оче наш и се прскаш со света вода. Ниедна друга реакција не се важи.
Американскиот рапер и тв-водител ТИ (да, ни ние не сме чуле), предизвика општа згрозеност кога објави дека секоја година оди со неговата 18-годишна ќерка на гинеколог да ѝ го проверат хименот. Светската здравствена организација на тоа рече: „понижувачко и трауматично.” Или, сељак. СЗО сака да каже дека е сељак.
Не е тешко да ги заулавиш луѓето што живеат на интернет, особено ако им послужиш нешто добро. Така, Ема Вотсон во едно интервју случајно го срочи терминот „self-partnered” наместо сингл, и сега сите станаа „сам свој партнер”.