Дали миењето лице помага во заштита од корона?

Коронавирусот е гаден и веројатно и (се надеваме) правите сѐ што може да се направи за да го намалите ризикот од зараза. Тоа вклучува, да се потсетиме, дистанцирање, миење раце со сапун и вода, избегнување луѓе што се болни…

И има уште нешто што може да помогне во ширењето на корона што можеби не го правите - миење лице кога ќе се приберете дома.

КОВИД-19 се шири од човек на човек преку респираторни капки кои се исфрлаат кога болниот кашла или кива, според Центарот за контрола и превенција на болести. Овие капки можат да завршат на уста и на нос кај луѓето што се во близина, дури и да се вдишат. Вирусот се шири и откако некој ќе допре површина или предмет на кој што вирусот се наоѓа, па ќе се допре за нос, уста или очи.

Овде доаѓаме до муабетот за миење лице. Кога сте надвор, можно е проблематичните капки да ви завршат на раце или директно на лице. И ако го допрете лицето, истите можат да завршат на нос, уста или очи и да ве разболат. И со миењето лице се намалува овој ризик.

Иако допирањето заразни предмети, па потоа и лицето не се смета за главен начин на ширење на вирусот, секако не е „глупо“ да миете лице кога ќе се вратите дома. Раџив Фернандо, лекар и експерт за инфективни болести од Саутемптон, Њујорк го објаснува ова, а со него се согласува Алин Холмс, клинички вонреден професор во школо за болничари и медицински сестри. Според нејзе, „тоа е добра идеја, бидејќи не знаете дали несакајќи сте го допреле лицето кога сте биле излезени. Луѓето често го прават ова.“

Допирањето на лицето е многу почеста работа отколку што можат луѓето да замислат - не дека има многу истражувања за ова, ама една мала студија направена на 26 студенти по медицина и нивните навики на оваа тема покажува дека лицето го допреле во просек 23 пати во текот на еден час. Од тоа, 44% било допирање нос, уста и очи, а 61% комбинација од сите три области. Постаро истражување исто има анализирано луѓе со нивното допирање на лицето и се открива дека испитаниците се допреле 16 пати во еден час во просек.

Што значи, бројката варира, ама барем можеме да заклучиме дека допирањето на лицето е ужасно честа, а во некои случаи и погубна навика.

Значи, штом ќе почнуваме да миеме лице кога ќе дојдеме дома, препораката на Холмс е ваква:

Миеш раце 20 секунди со сапун и вода, инаку ризикуваш да пренесеш бактерии и вируси на лицето. Потоа, го мокриш лицето и миеш како и вообичаено - ете толку е едноставно.

Не дека е главниот начин да се заштитиш од КОВИД-19, ама според Холмс, „не е лоша идеја.“

10 април 2020 - 00:00