Патем, да додадеме, со оглед на тоа како ѝ оди на Шпанија деновиве со короната, не се баш „неколку месеци“.
Во моментов втори по број на случаи општо, а трети по број на активни случаи, зад Америка и Италија.
Којзнае како би се снашол Дали. Би славел што планетата конечно се прска против нејзиниот главен паразит, или би бил запрепастен?
Што се однесува до музејот, уживал да ги запрепастува луѓето. Затоа му е како лавиринт, затоа е е полн со ненормални детали на секој ќош, уметнички дела од комбинации на материјали што само него можат да му текнат; тракторски гуми, јајца, гомна, гробот (негов) во средина, цртежи, слики, оптички илузии...
А еве, коронава овозможи да се види сето тоа, макар и виртуелно.
Клик за влез.
И пазете да не се изгубите.