Може ли да нарачувате облека онлајн сега?

Купувањето онлајн може да ви личи најлесно во ова време - не мора да излегувате, нема ризик - нема ни кај да го носите тоа што ќе го купите ама - ова некогаш мора да заврши нели?

Е сега, без разлика што ве чешаат прстите за нарачка преку Ибеј, Етси и слични апликации, во овој текст главно се работи за купување винтиџ (носени) алишта преку интернет, нешто што кај нас уште не е развиено, ама советите и објаснувањата што се даваат на темата, важат и за тоа нас што нѐ интересира.

Џулија Л. Маркус, епидемиолог за инфективни болести и асистен на медицинската школа на Харвард вели вака:

„Би рекла дека општиот ризик од пренесување кога се работи за винтиџ пазарења е многу, многу низок,“ изјавува за Ај-ди. „Додека да стигне кутијата со облека до кај вас, поминуваат часови, ако не и денови откако некој бил во контакт со содржината во неа. Така што, дури и некој инфициран да ја допирал облеката, многу е неверојатно вирусот сѐ уште да постои после толку време.“

Што значи, ризикот од купување винтиџ е ист како и ризикот со купување ново.

Тоа нас во моментов не ни е толку битно, колку што ни е битно да не паничиме за пакети што допрва треба да ни стигнат, а се нарачани пред да стане гадно.

Надворешниот дел од пакетот има повеќе шанси да бил во допир со заразено лице, но сепак „ризикот е премал“.

„Најдобар пристап овде би бил да си ги измиете рацете откако ќе внесете што и да е ново дома, вклучувајќи и пакети од пошта,“ вели Маркус. Што се однесува до пакувањето, смета дека луѓето не треба многу да се потресуваат за тоа какво е:

„Главно е картонска кутија. А во моментов знаеме дека не е препорачливо да се дезинфицира пакувањето. Што се однесува до тоа, нема докази дека се пренел вирусот преку пакет, пошта, дури и преку производи од продавница.“

Истакнува дека најважно е рацете да ги оддржувате чисти. Препорачува пакетот да се земе, да се извади содржината, пакетот да се фрли и задолжително да се измијат раце пред да се допре лицето.

Ова важи и за кога нема корона, чисто информативно.

8 април 2020 - 00:00