Како бе, вака?

Даин Јун е шминкерка од оној тип за кој најмногу има смисла титулата мејкап артист. Наместо да прави илузии за подолги трепки и подебели усни, Јун има некои други мераци - извртување на реалноста.

Себеси се идентификува како уметник за визуелна илузија. Со водени бои, креира неверојатни илузии на усни, очи, дури и цело лице, често втопувајќи се и себеси во некоја сцена. Сега ќе видите, само имајте на ум - никаде нема Фотошоп.

Највоодушевувачки се оние каде што е нашминкана до последно влакно, па во комбинација со околината, изгледа како да е од стакло.

Да се вратиме на насловот: Како бе, вака? 

Даин Јун на Инстаграм - тука.

7 април 2020 - 00:00