Неделна доза ентериер:

Кај Дакота Џонсон дома

Дакота Џонсон е далеку попријатна кај нејзе дома, отколку во онаа неподнослива креација наречена филм според „50 нијанси сиво“.

Кога ќе влезеш, веднаш добиваш ‘60-ти вајб. А пред да влезеш сфаќаш дека е рај за луѓе што уживаат во светло и во природа. Претходно таму живеел Рајан Марфи (Nip/Tuck, Glee, American Horror Story, Scream Queens, Pose), ама му се зголемило семејството, па морал да бара нешто поголемо. Вие што сте 4/5-члено семејство во 50 квадрати - чао. Колку може да му се зголемило семејството, 15 души?

Него, назад на ентериерот.

Мебелот е винтиџ (се гледа), а дневната е место за гости и читање затоа што само таму може и да се седи. Тоа што не е винтиџ, се гледа дека е посветено труд и време да изгледа така. 

Имала вкус фифти шејдс оф греј, не дека не.

Ѝ се случува и тоа што им се случува на сите кога ќе си дизајнираат преинтересна канцеларија - сѐ ѝ одвлекува внимание и ништо не сработува.

Има кристали, има трпезариска маса што треба „да исчезнува во просторот“, и посветени книги од Пати Смит.

А да, и ние да имавме такви шолји за чај и такви никогаш неупотребени сервиси за јадење ќе бевме еднакво позитивно шокирани колку се преубави.

Надвор базен, лежалки, зелено, дрвца, рајско. Само тревата не ѝ е средена. На некој може ќе му смета, ама... може е модерно.

Sирнете.

8 април 2020 - 00:00