Симпатично видео за две комшики

Едната е посимпатична од другата. Вие си знаете која.

Сте го гледале трејлерот за „Птици“?

Истовремено, предлог за во изолација: Гледајте го „Птици“.

Додека да се договорат околу маските, еве ви го ова

Треба: За да ги заштитиш другите околу тебе.
Не треба: Затоа што, сте виделе ли како моронски ги носат?

Не ти редам сложувалка, па последно да е

Сложувалка е неподнослива „обврска“, достојна само за душите во пеколните огништа на Адот кои Бог ги казнува за грозни злосторства извршени намерно и со исконска злоба.

 

Серџо Роси почина од компликации со коронавирус

Ретко се раѓа таков мајстор, со такво префинето чувство за женска чизма. И сега едноставно го нема.

И Канските лавови се откажуваат

Организаторите објавија дека годишниот Меѓународен фестивал за креативност во Кан нема да се оддржи во 2020, туку ќе почека до 2021.

Новиот документарец за Марџела магично заврши на Порнхаб

Според многумина, порнографски сајт е совршено место за филмот, затоа што такви се суперфановите на Мартан Марџела, и навистина, документарниот филм Мартан Марџела: Со негови зборови, заврши на Порнхаб синоќа.

Да живееш секој ден како да 1958

Не, не зборуваме за кошмар, или книга, или нешто слично. Жената си избрала да живее секој ден како да е 1958 година.

Историја на „Je t’aime… moi non plus“

Песната сте ја чуле. Можеби сте пропуштиле дека е од Серж Гензбур и Џејн Биркин. Ја викаат и најеротската песна на сите времиња.

Деби Мазар имаше ковид-19. Слушнете ја.

Во 15 минути, од А до Ш, од првото забележување на симптомите кога мислела дека е грип, до вчера, кога веќе нема симптоми и за два дена ѝ завршува карантинот.

Kако тинејџерките во Кенија се борат со сексизам

Се чини како да живееме во момент кога некои прашања треба малку да почекаат во фиока (нели, корона), ама некои битки се водат постојано, а во некои делови од светот не смеат ни да запрат.

Ви фалат ли трилери од ‘90-ти?

Ако да, кажете драгичка. Имаме тука филм од 2019-та, чија екипа нема шанси да не била опседната со ‘90-ти. Или тоа, или се многу назад со материјалот, што некако ни одговара.

И Шанел почна да прави маски

Работилниците ги пренаменија - од висока мода, се префрлаат на заштитни маски. Има нешто трогателно во ова солидаризирање при вакво грдо време.

Кога веќе готвите: 12 утешителни оброци

Прво, едно предупредување што веќе се врти по Фејсбук и кој стигна го сподели, веројатно од искуство: Пробувајте си ги фармерките секој ден, пижамите лажат.

Корона стајл типс со претседателката на Словачка

Да, сто пати се спомна „мода во време на корона“, ама ниеднаш досега не одговараше како тука.

Го заборавивме дигиталното разголување

...Збрлавувам што секој втор муабет е колку се нови, колку умреле, што вика Италија, леле Америка ќе го изеде, местено е, не е местено, фала богу што ова, леле замисли да она, дали се нормални што возат по Јуриј Гагарин во 22:15, шо сакам да ги фатат џандари, уствари не сакам, може си имаат мака луѓето, уствари гарант по гости идат глупи ниедни, како ќе преживеат фризерите, како ќе преживеат уметниците, дали на крајот од сѐ ова ќе биде ново и свежо или издишано и грдо…

СЗО ги презема социјалните мрежи на Гучи

Италијанскиот бренд почнува да влијае со информации за јавното здравје на своите 70 милиони следачи.

Разлика меѓу мажи и жени

Одеднаш, она српското „Она да раѓа, он да брани“ губи смисла.

Ни фали интернет „со свои зборови“

Дајте ми го интернетот од 2012, ама дајте ми го во 2020. Дајте ми река од мисли и незадолжителни откритија. Дајте ми секции со коментари. Дајте ми наслови што не се совршени по СЕО. Дајте ми Див запад на дигиталниот свет, кога да фрлаш шпагети по ѕид и да гледаш што од тоа ќе се залепи беше главен модус операнди.

Кај Дита Фон Тиз дома

Можете ли да замислите? Ние не можевме.

Занимации за мали деца

Со броење, лепење, боење, учење...

Стриптиз-деливери

Иновативна група стриптизети почна да разнесува храна откако клубот им го затворија заради корона.

Едно девојче со аутизам да ви каже нешто

Видеото се вика „Аутизам кај девојчиња“, а девојчето е Пејџ Лајл. И без разлика што не ви изгледа така - аутистична е.