- Британската дизајнерка Вивиен Вествуд почина на 81-годишна возраст.
- Во изјава на Твитер, нејзината модна куќа соопшти дека починала „мирно и опкружена со семејството“ во Клапхам, Јужен Лондон.
- Вествуд се прослави со контроверзните панк и њу вејв модни крикови во 1970-те, а нејзини парчиња облекуваа некои од најважните имиња во модниот свет.
- Има документарец за неа, кој „Ќе ја опфати инспирацијата на Вествуд, заедно со активизмот и нејзината оставштина преку интервјуа со нејзините најблиски, како син ѝ, Џозеф Коре, со архивски снимки и понови бекстејџ фотографии. Ја покрива и врската на Вествуд со Малколм Мекларен, првиот менаџер на Секс Пистолс и нејзин партнер до 1983-та.“
- Се потсетуваме на „Приказната за Вивиен Вествуд“, овде - „Десет минути со Вивиен Вествуд“, и „Во случај да мислите дека модата е небитна“.
- Дрес-кодот е во чест на фокусот на изложбата на машка мода и „намерно дизајниран да овозможи правец и да покани креативна интерпретација.“
- Superfine: Tailoring Black Style ќе ја истражува улогата на стилот во формирањето на црните идентитети, со фокус на појавата, значајноста и ширењето на Black dandy (наконтеност). Ќе има облека, фотографии, уметност, историски текстови и артефакти и е прв фокус на машка мода на Институтот за костими од 2003 со „Мажи во сукњи“.
- Инспирацијата е од книгата Slaves to Fashion: Black Dandyism and the Styling of Black Diasporic Identity на Моника Л. Милер.
- Уште од лани, мракот на Нил Гејман не излегува само од неговите приказни - неколку жени го обвинија за сексуална злоупотреба и не остана само на нив.
- Најновата е Скарлет Павлович, која на свои 22 години ја сретнала поранешната жена на Гејман на улица во Оукленд, од претходно фасцинирана од неа, феминизмот и нејзиното предавање на ТЕД за „Уметноста на прашувањето“. Се здружиле и им станала бебиситерка на нивните деца.
- Нил Гејман одрекува дека имало каков било проблем и дека сите односи за кои е обвинет дека ги принудил, биле со дозвола.