10 минути со Вивиен Вествуд

Кога живи легенди раскажуваат историја, седиш и слушаш.

Сте се зачитале ли некогаш за Вивиен Вествуд? Еднаш пишувавме дека буквално ја обликува британската мода, веќе со децении, и на таа тема имаше и документарец - „Вествуд: Панк, Икона, Активист”, за нејзиното силно влијание врз начинот на кој се формира локалната и светската културна сцена.

После 50 години кариера, Вествуд седнува со новинар на i-d.vice (што може само да седи и да слуша, откако притоа ќе постави по некое прашање) и раскажува за нејзината еволуција од панк провокатор до омилениот моден креатор во Велика Британија.

Порасната е во повоен Дербишир, во ’70-ти, во Лондон го отвора бутикот кој ја лансира меѓу важните имиња, а со Малколм Мекларен заедно го раѓаат панкот.

И Вествуд е пионер во филозофијата дека модата не вергла само за облека - туку може да биде и медиум за протест.

31 јануари 2019 - 00:00