„Родова флуидност“ не ѝ е доволен термин на Емили Скворч

Снемува логика.

Дека постојат луѓе што не се чувствуваат ни како мажи, ни како жени посебно, па влегуваат во категорија небинарни знаеме. Знаеме и дека постојат трансродови лица, кои сметаат дека се родени во погрешно тело и го менуваат полот. Но, што ако на некој му текне дека е и маж и жена и ни тоа, ни тоа?

Тиктокер(ката) Емили Скворч во 2022 објави дека е „триродово лице“. Ги користи заменките тој, таа и тие и во едно видео објаснува што тоа би значело.

„Здраво, јас сум Емили и прифаќам секакви заменки затоа што сум триродово лице. Како триаголник, триродово. Значи три,“ објаснува таа.

„Би рекла дека е слично на родова флуидност и чувстуваш еден опсег во родот, а јас чувствувам дека покривам поголем дел од тој опсег во секое време, наместо движење од еден до друг крај како што би било кај родово-флуидна личност“.

Значи, флуидност. Термин си постои, ама - ете. Луѓето се збунети во коментари, дури и тие што сакаат да дадат поддршка.

Според VeryWellMind, триродовост влегува во категорија на луѓе што се идентификуваат како повеќе од еден род, меѓу нив и двородови, панродови, или родово-флуидни.

Ова дообјаснување доаѓа во време кога Трамп забрани официјално признавање на какви било нијанси, трансродови жени во женски затвори и апликации за менување на пол во пасош.

20 февруари 2025 - 10:14