Не, не разговараат за фустанчиња и штикли.
Лани излезе филмот за Вествуд со наслов: Вествуд: Панк, Икона, Активист, а неодамна гледавме и слушавме 10 минути со Вивиен Вествуд и нејзината филозофија дека модата може да се гледа како медиум за протест.
Пред една недела седнуваат со Наоми Кемпбел, а на Вествуд годините воопшто не успеваат да ѝ го смалат ентузијазмот и еланот за критика кон општеството.
Историски се врзани со еден момент на писта - Наоми се утепа во штикли на Вествуд во 1993-та и успеа да го сврти на смеење. И двете имаат страст за активизам и филантропија, и двете се освестени за светот во кој денес живееме - социјални неправди, климатски промени, плус Вествуд повторно брилјира во едноставните дефиниции како да сме требале отсекогаш да ги знаеме:
„Панкот е реакција на фактот што луѓето кои ја предизвикаа виетнамската војна сè уште владееја со светот и не сакавме да ги прифатиме нивните вредности.”
Патем, и вие ли вака ќе се шминката на скоро 80?