Новото #MeToo на Кевин Спејси

Актерот Гај Пирс го опиша Кевин Спејси како „пипав“, на снимањето на LA Confidential. Кевин Спејси нејќе да чуе.

Фото: EPA

Борејќи се со солзи во интервју за Холивуд Репортер, Гај Пирс со водителот Скот Фајнберг сподели дека му било многу непријатно.

„Бев млад и подложен, а тој ме таргетираше, нема никаков сомнеж.“

Во „Бруталист“, Пирс игра богаташ што сексуално напаѓа друг маж. Сега кажува дека го одбивал Спејси со месеци и со тогашната жена споделил дека на снимање се чувствува безбедно само кога со нив бил уште помлад и поубав актер, затоа што тогаш Спејси се насочувал кон него. Му текнало на ова дури во 2017 кога се појавиле обвиненија против Спејси и сфатил „колку многу му влијаело, а тој го отфрлал како небитно.“

„Се распаднав, плачев и не можев да запрам. Беше неверојатно будење,“ вели тој, опишувајќи се како жртва „до некој степен“. Кога се соочил со Спејси подоцна, „било грдо“.

Кевин Спејси едноставно не ги прифаќа овие наводи и му се обрати многу директно:

„Гај, мораш да пораснеш. Не си жртва,“ кажа Спејси во камера на Х.

Рече дека можел да му се обрати директно во ‘97 кога снимале и да му каже дека има проблем со однесувањето и го праша зошто му требало толку време за да зборува за тоа. Го издаде и дека му бил на гости година дена после завршувањето на филмот.

„Им го кажа тоа на новинарите, или не ти се вклопува во наративот на жртва што го тераш?“

Остатокот од видеото се од околу тврдења дека Пирс „му пуштал водичка“ и покана да ги исправат работите на Х.

21 февруари 2025 - 09:44