Девојката што спиеше со 100 мажи е трудна

Ви текнува на Лили Филипс што прво постигна да спие со 100 мажи во еден ден, па почна да се спрема за илјадарка? Е па, ќе мора да почека изгледа.

Лили Филипс на Инстаграм напиша дека „веќе не е тајна“ и објави слика со бејби бамп. Не кажа ни какво бебе носи, ни кога ќе се породи, ни кој е таткото.

Филипс работи ОнлиФанс и стана позната откако го исполни предизвикот за секс со 100 мажи во еден ден.

„Сакам да бидам првата што ќе биде со 1000 души во еден ден,“ изјави во декември за Дејли Мејл. „Многу се радувам. Секако, стресно е со целата логистика, ама не е страшно.“

Имаше и изјава дека сака еден ден да биде родител:

„Би сакала деца, но дефинитивно понатаму во животот. Знам дека со тоа доаѓаат реакции. Разбирам... Мислам дека кога почнав со ОнлиФанс не сакав деца, па не ми беше проблем. Знаев дека ако почнам со ова, нема да можам да најдам нормална работа и дека тоа ќе ми влијае на семејниот живот и на децата и такви работи. ама во последниве година две, почнав да сакам деца.“

Сепак, не ѝ беше шубе дали децата еден ден ќе дознаат дека имала кариера на ОнлиФанс:

„Работата е што не можеш да живееш за иднина што не се ни случила. Не знаеш што ќе се случи, така што не можам потребите на моето неродено дете да ги ставам пред своите. Разбирам дека моите деца ќе бидат под лупа и би сакала да направам што е можно повеќе да ги заштитам.“

На тема Лили Филипс имавме и А кои се тие 100 мажи што имале секс со Лили Филипс? 

20 февруари 2025 - 16:53