Кога не можеш да го поднесеш сопругот на другарка ти

Да ѝ се каже, или не?

„Се дружам со тебе, не со дечко ти, или маж ти. Нека е прекрасен човек (а, не е баш), ама не можам да одвојам дел од мојот исполнет распоред за да си муабетам со твојот +1. Сакам да се дружам со тебе и никако не би го донела мојот партнер, освен ако ти не ми кажеш. Дури и тогаш, веројатно тој ќе остане дома, затоа што сите треба да поминат малку време на само, без партнерот,“ пишува Дејна Дики за PureWow, во обид да ги вразуми жените што не мрдаат никаде без дечко/маж.

Овде не зборуваме за проблематичните врски каде што не смеат, и тоа бара дополнителна работа и премерување на односот. Зборуваме за оние црева што никако да разберат дека некој одвојува време и средства за да се дружи со тебе и да надокнади за изгубеното време, а не може до крај да се опушти, затоа што заедно со тебе доаѓа и човек што го има видено вкупно десет пати во животот.

„Разбирам и дека има епидемија на осаменост кај мажите според подкасти, Редит и истражувања. Трендот на социјална изолација оди наназад до 1920-те (тогаш радиото и автомобилите биле виновни), сега се подолгите работни саати. И разбирам, навистина. Поракава е можеби непријатна, но јас би сакала да те спасам од непријатноста да го слушаме маж ти како дискутира фудбалски натпревар (да е жив и здрав!), плус да се спасам самата од местење пригодни изрази на лицето за да глумам дека ми е интересно,“ продолжува таа.

Пораката на текстот е - кажи ѝ.

Ама тоа можеби во некои поинакви култури. Ризикот е голем да се изгуби другарката.

Можеби најбезболната варијанта е да се слушате на телефон? Прашањето останува на маса за дискусија.

Да ѝ се каже или не?

20 февруари 2025 - 10:42