Приказната на Вивиен Вествуд

Веројатно најлудата приказна во светот на модата: Како е можно една учителка од основно школо да стане кралица на панкот?

Филмчето трае половина час и токму тоа го обработува - од времето кога држела бутик со Малколм Мекларен, сè до денес кога и  на 81 година владее со алтернативната мода и успева да ја стави во највисоките рангови на модниот свет.

И не ја има само таму - има оставено свој печат на неколку парчиња поп-културен инвентар - на пример, играта Фајнал Фантази, или виралниот изглед на Фарел Вилијамс на Греми наградите во 2014.

За домашно:

10 минути со Вивиен Вествуд

Околу новиот документарец за Вивиен Вествуд

22 септември 2022 - 00:01