Интернет

Политичка катастрофа, скица за уништување на новинарството, аргумент за растурање на Фејсбук

Фелдман во Њујорк магазин напиша дека Зукерберг дал аргумент за растурање на Фејсбук, Атлантик постот на Зукерберг го доживува како скица за уништување на новинарството, а за Арстехника манифестот е политичка катастрофа.

Зукерберг (не сакајќи) даде одличен аргумент за растурање на Фејсбук

Никој не може да му го прости на Фејсбук проблемот со вестите, ниту оние што ги објавуваат (како да се борат против лажните вести), ниту оние што ги читаат (како да се борат против лажните вести). Дополнителната критика (и паника) е дека Фејсбук стана една од двете најмоќни мрежи на планетава за дистрибуција на вести и информации.

Википедија го забрани Дејли мејл како „несигурен“ извор

Уредниците на онлајн-енциклопедијата одлучија да го исклучат Дејли мејл од списокот дозволени референци поради неговата „репутација за недоволно проверување факти, сензационализам и измислување“.

Како изгледа во туѓиот Фејсбук балон

За да не биде дека балонот е создаден од начинот на кој медиумите пренесуваат за одреден настан, или дека за тоа се криви филтрите или алгоритмите на Фејсбук, Базфид анализира директен пренос на Фејсбук од обраќање на Трамп.

Луѓето се малцинство на интернет

Преку 50% од вкупниот интернет-сообраќај во светот не го прават луѓе туку ботови. Како и кај луѓето, има добри и лоши ботови. Како и кај луѓето, повеќето се лоши. 

Ако Трамп забрани вработени на Твитер да се вратат во САД, дали Твитер ќе го банира Трамп?

После почетното примирје меѓу технолошката индустрија и Трамп, одлуката на САД да го забрани влезот на муслимани во земјата ги врати двете страни на авансно подготвените фронтовски линии, па сега секоја компанија гледа некако да му направи зијан на Трамп или на неговиот план.

Од тоа што медиумите ги користат Фејсбук и Снепчет, корист имаат само Фејсбук и Снепчет

Почетните знаци се дека содржините објавени директно на трети платформи, како Инстант статии на Фејсбук и Дискавер на Снепчет, малку придонесуваат кон вкупните приходи на медиумите.

Пупка во законот

Има еден акаунт на Инстаграм што ги излудува алгоритмите што ја чуваат „чедноста“ на платформата. Се состои исклучиво од фотографии на брадавици и баш тоа е заeбот: машки ли се, женски ли се? 

Јаху стана Алтаба, Мариса Мајер сменета

Откако Веризон го комплетираше купувањето на клучните бизниси на Јаху (меил-сервис, пребарувач и најразлични апликации) за 4,8 милијарди долари, она што остана од компанијата заедно со нејзиниот удел во Алибаба-групацијата и Јаху Јапонија, во иднина ќе го носи името Алтаба.

Порно бројките од 2016

Иако останува тоа дека никој не гледа порно, годинава само на Порнхаб се изгледани 91,8 милијарди (милијарди!) видеа. Сервисот стримал 99 гигабајти во секунда, или 3100 милијарди гигабајти во цела 2016.

Имињата на руските хакери што ги сомничи ФБИ

Во последното издание од "ова е најофицијалната потврда дека Русите ги хакирале американските избори" ФБИ го објави својот аналитички извештај околу инцидентот. Дел од него е и списокот на хакерските групи што наводно го извеле нападот.

Кога интернетот ќе прежали погрешен човек

Кога ќе одекне вест за неочекувана смрт на некоја позната личност, социјалните мрежи инстантно се претвораат во книги на ужалени, а луѓето со статуси и твитови брзаат да му се приклучат на оплакувачкото глобално семејство. Во брзината страдаат невини лица што некогаш мора да се правдаат дека сепак се живи.

Коментарите на сајтовите создадоа вакви гневни избирачки тела

На луѓето веќе не им се ни потребни информативни текстови за да побрзаат своето мислење да го напишат во коментар. Доволно е да го видат насловот и да се испукаат (од себе) и исплукаат (со друг). Коментарите се покажаа како магнет за секакви отрови. А и голем мерак е кога на офф ќе напишеш долг текст и замислуваш како некој неупатен идиот се мачи да скрола до доле за да дојде до местото за коментар.

Велешаните им удрија пик на изборите во Франција и Германија

За изборите во САД се појавија стотина веб-страници за американската политика управувани и водени од велешки тинејџери, претежно полни со лажни вести што успеаа да соберат милиони кликови и шерови. Како што проценува Фајненшл тајмс, ваквиот индустриски погон сега се подготвува за изборите низ Европа.

Колку пари направија "копиљаците" на Јутјуб во 2016

Пред пет години Роман Атвуд го аплоудира своето прво видео на Јутјуб во кое им приоѓа на луѓе на улица и над глава им превртува кофа за вода. Откако ќе се штрецнат, "жртвите" за кратко сфаќаат дека кофата е празна. Според Форбс, Атвуд годинава на Јутјуб заработил 7,5 милиони евра.

Не ви е Фејсбук крив за Трамп

Треба да се разјасни дека Фејсбук не ги реши изборите, и Трамп нема да биде следниот претседател на САД заради неговата способност да се расправа со медиуми и славни личности на Твитер, пишуваат Кит Хемптон и Езтер Харгитаи во Хил.

Кратка Фејсбук вирус приказна

Доброто е што според последните искуства ако некој што одамна (или никогаш) не ви пишал одеднаш ви прати слика на Месинџер на Фејсбук, веројатно не планира да ви продаде осигурување. Лошото е што најверојатно сликата ќе ви го зарази компјутерот.

ЕУ ќутенката работи на укинување на интернет слободите

Во невообичаена медиумска тишина, Европската комисија бутка еден законски предлог кој ако помине, ќе го претвори интернетот во боиште за тужби, судски процеси и обештетувања. На пример, нема да можете да го споделите овој текст.

Во Кина не го викале Дебелио

Кинеските власти почнаа да го цензурираат најчестиот прекар на лидерот на Северна Кореја откако високи државни службеници на таа земја им се пожалиле дека тоа не е ферски.

Како Фејсбук (не сакајќи) ги намести изборите

Најголемиот шок во среда наутро го доживеа половината од Американците кои не можеа да веруваат во резултатите што никако не содејствува со она што се случуваше и зборуваше во нивниот свет. Излезе дека нивниот свет всушност бил она што Фејсбук мисли дека е нивен свет.

Твитер троловите се штетни за демократијата

Анкета покажува дека на 65% од корисниците на социјални медиуми им е смачено од тоа колку е гнасен онлајн разговорот околу политика. Њујоркер 2016 ја нарече "Годината на политичкиот трол". Заклучокот на Вашингтон пост е дека тролањето не само што лошо влијае на корисниците на социјални медиуми, туку и штети и на демократијата.

Мејлот на Хилари е хакнат заради ИТ човекот на Хилари

Оригиналната верзија на настанот беше дека соработникот на Хилари, Џон Подеста, добил меил порака со скриен линк (Битли) па откако кликнал хакерите го добиле пасвордот за неговиот меил. Новата тура мејлови од Викиликс, откри дека Подеста всушност бил сомничав дека мејлот е обид за фишинг и дека побарал помош ИТ луѓето на Хилари.

Северна Кореја има само 28 веб-страни

На светско ниво има над 140 милиони чисти .com или .net домени, плус тука се милиони и милиони веб-страни што завршуваат со доменот на земјата, пример .mk за Македонија, .cn за Кина или .de за Германија. На доменот .kp регистрирани се вкупно 28 домејни.