Форбс ги рангира 10-те најголеми ѕвезди на Јутјуб според нивната заработувачка. Крајниот цех е дека овие 10 луѓе (и целата екипа зад нив) во 2016 заработиле вкупно 65 милиони евра, што е 23% повеќе од минатата година.
Заработувачката е комбинација од парите што ги имаат направено од реклами на самата платформа, но и од договори за промовирање на најразлични проиводи, пишување книги, снимање филмови и слично.
И годинава прв на листата е PewDiePie, по дома познат како Феликс Арвид Улф Кјелберг, инаку 27-годишен Швеѓанец што има речиси 50 милиони официјални следбеници на Јутјуб, и некаде околу 11 милијарди прегледи на неговите видеа на кои - зборува за видео игри.
Кјелберг почнува со објавување на видеа на Јутјуб во 2010, а Форбс проценува дека тој минатата година има заработено 14 милиони евра, од кои делумно доаѓаат и од неговата книга "This Book Loves You".
Роман Атвуд е на второ место со 7,5 милиони евра од "скриена камера" видеа, плус моментално работи на книга и филм.
На трето место е Канаѓанката Лили Синг, која по основа рапување, играње и скечеви, годинава заработи 7 милиони евра.
Остатокот од топ 10-те се:
4. Смуш - 6,5 милиони евра
5. Росана Пансино - 5,6 милиони евра
5. Тајлер Оукли - 5,6 милиони евра
7. Маркиплаер - 5,1 милиони евра
7. Герман Гармендиа - 5,1 милиони евра
9. Рет анд Линк - 4,6 милиони евра
9. Колин Балингер - 4,6 милиони евра