Во купот паднати синоќа имаше веб-сајтови, апликации и ИОТ системи, меѓу кои беа и Куора, ИФТТТ, Трело, Алекса сервисот на Амазон, Нест термостатите, Giphy, isitdownrightnow, Слак, Лонли планет, дел од Снепчет, Бизнис инсајдер и сајтот на американската комисија што ја контролира работата на берзите.
Според Амазон за падот на серверите се виновни повеќе проблеми со С3 сервисот за складирање податоци, кај кој во текот на денот имало "голема стапка на грешки". Проблемот се случил во нивниот дата центар во Северна Вирџинија, кој е еден од најголемите вакви центри на компанијата.
Веб-сервисите на Амазон ги користат речиси 150.000 сајтови. Во 2015 приходите на Амазон од овој сервис беа 7,88 милијарди долари, од кои 1,86 милијарди беа профит.
Последниот пат кога Амазон имаше вакви проблеми во 2015, не беа достапни сајтови како Нетфликс, Ербиенби, Инстаграм, Вајн и ИМДБ.