Свет

Надворешната политика на САД на погон на ЦИА

Моментално ЦИА и Пентагон независно спроведуваат исти тренинг мисии на умерената опозиција во и околу Сирија. Ако по некоја случајност "овие два столба на националната безбедност се судрат околу Ирак и Сирија, би било грешка да се претпостави дека ЦИА ќе биде поразената страна... ЦИА ги добива овие битки од почетокот на војните пред 14 години."

Британија се од ЕУ корнеше?

Истите конзервативци што ги убедуваа Шкотите да не се отцепуваат од Британија, по победата на изборите имаат задача до 2017-та да испорачаат референдум за излегување на Британија од ЕУ.

Кога ќе го убијат Џохар Царнаев?

Со веста дека преживеаниот 21 годишен бостонски терорист е осуден на смртна казна доаѓа и прашањето, кога ќе биде егзекуцијата и дали Царнаев нема да умре од чекање.

Кога САД слегна со рамења на 1.000 жртви

Пред точно десет години, во долината Фергана во Узбекистан, маса народ се собра за да протестира заради апсења и насилство од државната полиција. Властите тогаш убиле најмалку 1.000 луѓе - но бројката не е баш јасна, затоа што тогашнaта американска врхушка на чело со Доналд Рамсфелд се спротивставила на истрагата. Причина: Узбекистан им бил партнер во борбата против тероризмот.

Зулендер теоријата за тероризмот

Наративот на филмот е дека некој му го испрал мозокот на имбецилниот машки манекен, по што тој треба да изврши меѓународен акт на тероризам. Истата логика околу перењето мозок на Зулендер денес е водечка поента во некои од посензационалните репортажи за тоа како ИД ги регрутира своите членови.

Српскиот набљудувач на британските избори

Душан Машиќ е еден од основачите на Б92, а потоа и главен уредник на вестите. Во изминативе 8 и нешто години работи во БиБиСи, а на последниве избори, како британски државјанин конечно може и да гласа на нив. Цел живот гласање и најразлични избори во Србија и искуства од Балканот, ни најмалку не го подготвуваат за она што го чека во Лондон. Сето ова искуство го пренесува фантастично шармантно на својот Твитер.

Воздушни прскања кои предизвикуваат рак

Со воздушни прскања спонзорирани од Америка, Колумбија со децении ги уништува илегалните плантажи на кока. Со хербицид кој предизвикува рак на луѓето.

70 години од победата над фашизмот

Со марш на 8 членови на гардата кои го носеа знамето на Русија и историското знаме кое беше развеано на зградата на Рајхстагот во 1945-та, беше отворена парадата за прослава на 70-годишнината од победата над нацистичка Германија и падот на фашизмот.

Њујорк виа Богота

Од нива од 8 декари колумбиски селанец може да собере листови кока во вредност од околу 80 долари. По првиот хемиски процес од оваа количина може да се добие околу килограм кокаин паста, која чини околу 800 долари. Следниот чекор е да се претвори во килограм чист кокаин.

Психологијата на неизбежниот земјотрес

Непалците многу добро знаеја каде живеат и дека кога тогаш ќе ги стрефи уште еден голем земјотрес. Сепак, не направија ништо во врска со тоа.

Извештај од Балтимор

Демонстрациите во Балтимор започнуваат заради смртта на Фреди Греј, кој умира на пат до полициската станица. Во верзијата на полицијата, Греј паѓа во кома додека е транспортиран во полициското возило. Итно е пренесен во болница каде утврдуваат дека го повредил рбетниот столб. И покрај операциите, Греј умира на 19-ти април. Сè уште не е познато од што му се повредите.

Зошто бегалците не летаат?

Во репортажите за патешествијата на мигрантите од Африка и Азија обично се споменува сумa од неколку илјади евра потребни за да се стигне до ЕУ делот од Европа. Во исто време авионска карта во еден правец од Етиопија до Шведска е 400 евра.

Ни терорист не е лесно да бидеш

Како и секоја недопирлива организација која оддалеку изгледа како да не може да биде сопрена така и терористите оставаат впечаток на моќ и дека имаат контрола на ситуацијата и сопствената судбина. Од внатре е друго.

И кинеските погреби нема да бидат тоа што се

До сега што било било, ама во иднина погребните церемонии во Кина ќе мора да поминат без стриптизети и стриптиз во чест на покојникот.

Што може Европа да направи за имигрантите да не се дават во Медитеранот?

Вкупниот број на патници на бродот кој се преврте во близина на либиската граница се проценува на меѓу 900 и 950 луѓе. Од нив спасени се 28 луѓе, а на уште 24 им се најдени телата. Овие 28 се спасени од еден португалскиот трговски брод Кралот Јакоб.

Против смртна казна за убиецот на својот син

Родителите на најмладата жртва на терористичкиот напад на бостонскиот маратон, 8 годишниот Мартин Ричард, неочекувано побараа од обвинителството да се откаже од смртната казна.

Милијардерот што сака да биде шабан

Со доаѓањето на Кси Џинпинг и неговата политика на скромност, кинеските богаташи се трудат колку е можно повеќе да бидат неупадливи. Меѓу овие не е милијардерот и колекционер на уметности Лиу Јикуиан.

Како да предвидиш избори

Без разлика на формата на предизборната кампања, ставките во неа генерално се исти: говори, дебати, гафови, анкети и последователни анализи и критики на истите. Сето ова треба да ги донесе потребните гласови, освен кога не е така.

Како ИД го дробеше Нимруд

Градот и артефактите од 13-от век п.н.е. се уништени по основа дека се "навредливи" и "валкани," и самото чистење на овие остатоци ИД го смета како важен дел од својата мисија и постоење. Тие така искрено ја доживуваат навреденоста на артефактите од други религии што и на видеата од уништувањата сите можни некомпатибилни симболи им се цензурирани.

Кога ќе ти се случи холограм народ

Долниот дом на шпанскиот парламент викендов беше под окупација од 18 илјади демонстранти, кои не излегоа од дома за да протестираат против законот за "граѓанска безбедност". Не е грешка, не излегоа. Сите беа таму како холограм.

Коста Рика 100% обновлива

Коста Рика успешно ја реализира својата мисија да стане најзелената држава на светот и во досегашниот тек на 2015-та воопшто не користела фосилни горива за производство на енергија.

Сноуден герила сред Њујорк

Група њујоршки уметници доцна во понеделникот вечерта поставија биста од Едвард Сноуден во парк во Бруклин. Група њујоршки градски работници до пладне ја демонтираа бистата.

Германците ги засакаа имигрантите

Кога економијата на една држава работи забревтано како германска машина, тогаш и дојденците се добредојдено гориво.

Црвен по раѓање

Како тинејџер Кси Џинпинг го испраќаат да работи на фарма; таму тој е толку нежен што другите работници му даваат оценка 6 од можни десет, "што не е ни на ниво на жените," пишува Њујоркер во профилот за кинескиот лидер.