Воздушни прскања кои предизвикуваат рак

Со воздушни прскања спонзорирани од Америка, Колумбија со децении ги уништува илегалните плантажи на кока. Со хербицид кој предизвикува рак на луѓето.

Колумбија објави дека ќе престане да користи глифосат, контроверзниот хербицид кој се користи во авионски прскања за уништување на нелегалните плантажи на кока.

А хербицидот за која Светската здравствена организација вели дека веројатно предизвикува карцином го користеле последниве 20 години, и тоа не само колумбијската туку и други јужноамерикански држави во нивните анти-наркотички програми спонзорирани од САД.

Надлежните во Колумбија се уште немаат алтернатива за глифосатот кој најмногу се користи на територијата контролирана од бунтовниците на FARC, вооружена групација формирана уште во 1964 година. Се проценува дека во конфликтот со неа животот досега го изгубиле 220.000 луѓе.

За 12 години прскање, Колумбија тројно ја намалила површината на која илегално се одгледува кока. Само што, ете, ефикасниот хербицид кој го прекинува растот на растенијата, ефикасно го растел ракот на луѓето

11 мај 2015 - 09:49