Зошто бегалците не летаат?

Во репортажите за патешествијата на мигрантите од Африка и Азија обично се споменува сумa од неколку илјади евра потребни за да се стигне до ЕУ делот од Европа. Во исто време авионска карта во еден правец од Етиопија до Шведска е 400 евра.

Без разлика од која класа ќе биде авио-превозникот, во секој случај патот ќе биде покомфорен отколку во бродовите кои тргаат од Либија за да стигнат до Европа. Качувањето на овие бродови чини 1.000 евра, a во цената не се вклучени трошоците за стигање до пристаништето.

Зад сето ова стои директива на ЕУ од 2001-ва според која секоја авио-компанија која ќе донесе во ЕУ лице без соодветни документи за влез, ги сноси трошоците за негово враќање назад.

Во европски манир истата оваа директива предвидува и дека претходното правило не смее да ги прекрши обврските што произлегуваат од Женевската конвенција во однос на статусот на бегалците. Проблемот е што задачата за утврдување на тоа кој е, а кој не е бегалец им е препуштена на вработените на шалтерите на авиокомпаниите.

27 април 2015 - 10:02