Кси е 6-от човек кој управува со Народна република Кина, инаку прв кој е роден по револуцијата во 1949-та. Откако доаѓа на позицијата во ноември 2012-та, тој се поврзува со "поприземна генерација на комунисти, воена каста која ја истакнува 'тешката работа и обичниот живот.'"
Пред да дојде на власт Кси е опишан како просечен администратор на провинција, фан на американска поп култура, на кого бизнисот му е поважен од политиката, и кој е избран најмногу затоа што се скарал со помалку луѓе токолку неговите конкуренти.
"На четвртина од својот 10 годишен мандат, тој изгледа како најавторитарниот лидер од Мао до денес. Во име на заштита и чистота, тој наредува истраги на десетици илјади сограѓани, на обвиненија од корупција до објавување државни тајни и подбуцнување државен удар. Тој исто така стекнува или создава десетина титули за себе, вклучувајќи не само прв човек на државата, и прв човек на војската, туку и раководител на најмоќните комисии на партијата - за надворешна политика, Тајван и економијата. Тој се намести себе на чело на новите тела кои вршат надзор на интернетот, преструктуирање на владата, националната безбедност и реформите на армијата, и ефективно ја превзема контролата над судовите, полицијата и тајната полиција.
Во Кинеската комунистичка партија почнуваш со кампања откако ќе ја добиеш работата а не пред тоа, и во изградбата на јавна поддршка и пренесување на пораката Кси ја откри својата моќна желба за трансформација." објаснува Еван Оснос во профилот за Кси.
Еден од омилените ликови на Кси е Сонг Џијанг, измислен одметник од "Речната граница" кинески класик од 14-от век, чија главна вештина е да "обедини способни луѓе." Тој не е ниту брилијантен ниту убав, но сепак води банда на херојски бунтовници. Кси како свој главен проект го наведува спасувањето на Народната република и на Комунистичката партија, пред тие да бидат преплавени со корупција.
Кси е роден во Пекинг во 1953-та, како трето од четири деца. Татко му е Кси Жонгксун, тогашен министер за пропаганда, кој уште на 14-годишна возраст (според неговата биографија) заедно со своите соученици се обиделе да го отрујат својот учител затоа што се противел на револуцијата. Заради ова е испратен во затвор каде се зачленува во Комунистичката партија, каде стигнува до позицијата заменик-премиер.