Њујорк виа Богота

Од нива од 8 декари колумбиски селанец може да собере листови кока во вредност од околу 80 долари. По првиот хемиски процес од оваа количина може да се добие околу килограм кокаин паста, која чини околу 800 долари. Следниот чекор е да се претвори во килограм чист кокаин.

Во 2009-та овој килограм на колумбиските пристаништа чини 2.147 долари, кога ќе стигне на американската граница цената веќе му 34.700 долари, за на улиците на Њујорк да достигне 120.000 долари.

За шверцот и дистрибуцијата на кокаинот во (да речеме) Њујорк целата работа ја превземаат мексиканските картели. Од купување па до продажба профитот им е околу 6.000 проценти. Од Колумбијците се очекува да ја испорачаат стоката до Мексико или до Централна Америка, најчесто Панама или Хондурас, од каде Мексиканците ја преземаат работата.

Превозот на стоката до САД се врши со бродови и подморници, меѓутоа најчесто со лесни авиони, претежно Цесна со еден мотор, која во САД може да биде купена за околу 50.000 долари.

До сега на мексиканските нарко-картели им се запленети над 200 вакви авиони. Прво нив ги чуваше полицијата, се додека не им беше провалено во хангарите и беа украдени повеќе летала. Сега тие се под стража на армијата.

Во однос на тој кој ја има контролата и која ја одредува цената, авторот на El Narco: Inside Mexico's Criminal Insurgency, Иоан Грило го дава пренесува објаснувањето што го добил од шефот на ДЕА за Андите, Џеј Бергман:

"Во легален економски модел, кој ги носи одлуките Колгејт или Волмарт?

Волмарт е тој што кажува 'оволку сакаме да платиме за ова, ова е цената по производ, и ова сакаме да ни го испорачате, и така ќе биде,' а позицијата на Колгејт е 'се додека имаме профит од ова, и се додека не губиме пари, спремни сме да работиме под тие услови.

И колку поголем обрт на производи имаш, толку поголем попуст ќе добиеш, а со тоа имаш и можност ти да ги носиш одлуките. Кажи ни каде го сакате ова, кажи ни како го сакате, ставете го на полици каде сакате, само продадете го,'... Така изгледа еволуираниот пазар на кокаин со кој се соочуваме."

5 мај 2015 - 13:50