
Огласувањето на топовскиот плoтун и руската национална химна го означи почетокот на маршот на војската на Црвениот плоштад. Воениот оркестар беше прва единица која продефилира на плоштадот, по нив следуваат војници во историски униформи, вклучувајќи коњица. Во парадата учествуваа и војници од Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Индија, Монголија, Србија и Кина.
Домаќините извадија претставници од сите можни единици на војската. РТ објавува дека ова е најголемата воена парада во историјата.
"Без разлика каде денес живeат ветераните од Втората светска војна, тие мора да знаат дека тука во Русија ние многу ја вреднуваме нивната храброст, решителност и лојалност кон братството од фронтот," порача Путин во говорот на Црвениот плоштад.
Видео од целата парада: