Свет

Кој е Игор Сергун?

На 3-ти јануари од Москва доаѓа информацијата за ненадејната смрт на Игор Сергун. Информација комплетно неважна кога Сергун не бил 58-годишен, инаку генерал-полковник во руската армија, неколку години распореден на работната позиција - прв човек на военото разузнавање на руската армија или ГРУ.

Американска психоза: Доаѓаат лудите Руси!

Вчудоневидувачки пример за тоа колку опасно Американците се погрешно информирани и водени од круговите кои деловно навиваат за војна односно зголемени воени буџети, на примерот на една статија од Њујорк Тајмс. 

Што се смени во светот на 1-ви јануари 2016?

Луѓето на први се само малку помамурни и малку постари од денот претходно ама државите си грмат. Кај нас започна бесплатен превоз на студенти и "средношколска среда" а во светот се апдејтираа следниве закони  и правила: 

Паниката како политичка идеологија

Американските конзервативци меѓу себе ги имаат псевдо-конзервативците чиј главен страв е дека некој од надвор ќе им наштети и се фокусирани кон одбрана на самите себе. Демократите пак ги имаат борците за политичка коректност чиј главен страв е дека некој ќе им наштети на ранливите категории што тие тврдат дека ги штитат, и се фокусирани на нивна одбрана. И двете страни лесно запаливи и од најмала искра, само едната е поверојатно да ги кандидира лесно запаливите.

Дали првиот амандман важи и за ИСИС?

Под влијание на заканата од ИСИС, кругови во САД почнуваат да ја преиспитуваат неприкосновеноста на најважниот столб на американското општество, првиот амандман кој ја гарантира слободата на говорот. А тие кругови не се само Доналд Трамп.

Колку сте блиску да бидете просечен жител на ЕУ?

Статистички профил на еден просечен жител: колку е стар, колку луѓе има по дома и дали домата е негова, дали живее на град или на село. Ако работите во администрација, штиклирајте поен. 

Украинска ТВ лустрација

Еден стар советски филм со децении е фикс во новогодишната тв програма на Украина (како "Сам дома" кај нас). Сeга филмот се соочува со забрана бидејќи една од актерките во последно време била 'со Русите'. Опозицијата стравува дека следен за забрана ќе биде Дедо Мраз.

12 бројки за 2015

Не постои единствен и дефинитивен начин да се измери една година. Њусвик се реши да ја квантифицира.

Извршна команда: Бидете среќни!

Тајландската воена хунта која на чело на земјата дојде лани, најави дека не планира таму да остане засекогаш и дека бргу ќе ја предаде власта на цивилните институции во земјата. Но, во меѓувреме "открива" дека, јеби га, 99,3 проценти од населението се среќни со неа.

Кинескиот јуан стана официјална валута во - Зимбабве

Откако Пекинг реши да им ги прости долговите, Зимбабве реши да се оддолжи со прогласување на јуанот за една од официјалните валути во земјата.

Кога ќе в Осло појдете, по жени да не мавате

Норвешка почна да нуди часови за машките бегалци дојдени од конзервативните средини за да им помогне да се навикнат на новата земја. Дека е тоа земја во која жените имаат повеќе слобода а помалку облека и дека можат сами да шетаат по улица а тоа да не значи дека некого викаат за секс.

Не ја викаат НАСА на свадба ракија да пие

Американскиот буџет за 2016-та беше донесен со едно спектакуларно изненадување, Конгресот не само што на НАСА и ги даде сите пари што ги побара, туку и доделија и 1,27 милијарди долари над побараното. И тогаш некој седна детално да го прочита текстот на буџетот од 2.000 страни.

Платните списоци на џихадистите

Ако ИСИС го водиме како фирма, тие на својата завршна сметка би пријавиле бруто приходи од околу 900 милиони долари годишно. Од овие пари околу две третини тие ги вложуваат во своето војување.

За договорот од Париз

Во однос на тоа како што можеше да заврши, ова е чудо. Во однос тоа како требаше да заврши, ова е катастрофа, пишува колумнистот на Гардијан, Џорџ Монбио.

Коалиција на неволните

Кон средината на декември, во Белгија првите луѓе на најголемите земји во Унијата ќе седнат да разговараат за планот што предвидува на Турција да и бидат платени милијарди евра помош, за таа да се справи со бегалците од Сирија во име на ЕУ и ништо да не пропушта накај Запад.

Дали Доналд Дамб веќе ги уништи шансите на Републиканците?

Со својата последна изјава да им се забрани влез на муслиманите во САД, Трамп успеа да антагонизира уште една важна изборна групација. И ако победи како републикански кандидат и ако на изборите оди како независен кандидат, математиката оди во прилог на Хилари Клинтон. А нејзиниот есап може да го расипе Берни Сандерс.

Канада во обид за помирување со староседелците

Во последниве 30 години во Канада има речиси 1.200 убиства или исчезнувања на домородни жени кои воопшто не се решени. За да не остане така, Трудо вети 40 милиони долари (канадски) за решавање на овие случаи, што го најави како "тотално обновување" на врската со староседелците.

Кој колку ја познава реалноста на својата земја?

Глобално истражување за тоа колку луѓетo ги познаваат клучните факти за својата земја покажува една разочарувачка вистина: ни степенот на демократија ниту пак развиеноста и слободата на медиумите имаат врска со тоа каде колку 'трупови' има.

Одете си, сè ќе ви платиме

За сите баратели на азил во Норвешка важи понудата од Владата доброволно да се вратат од каде и да дошле, а за возврат ќе добијат десетици илјади норвешки круни за среќен пат (1000 круни се 6.500 денари). Во понудата е покриен и патот назад, повторно, до кај и да треба.

Ден на дрвото, Африка едишн

Десет африкански држави дадоа ветување ќе обноват 100 милиони хектари изгубена џунгла (за споредба Македонија по површина е околу 2,5 милиони хектари). Надзор и помош им се Светската банка и Германија.

Како чистите енергии толку брзо станаа толку евтини?

Сомнежите околу тоа ги пренесовме (види: Париз против конференцијата во Париз), но да пробаме и со нешто позитивно. Чудна работа се случи оваа 2015-та година; за првпат можеме да бидеме оптимисти околу климатските промени. Во некој друг, подобар свет, тоа би била вест на годината, наместо заебанциите и пиздариите низ светов.