Проектот договорен на конференцијата во Париз, се води како AFR100, ќе чини 1,6 милијарди долари и треба да биде комплетиран до 2030-та. 1 милијарда долари ќе бидат пари од Светската банка, а останатите 600 милиони треба да бидат собрани како инвестиција од приватниот сектор.
Етиопија, Д.Р. Конго, Кенија, Нигер, Уганда, Бурунди и Руанда за проектот ветија повеќе од 42 милиони хектари земјиште. Останува уште Камерун, Либерија, Мадагаскар, Малави, Конго и Того да ги исполнат своите квоти за земјиште договорени на АФР100.
Проектот треба да го надополни договорот Бон, кој предвидува ревитализирање на 150 милиони хектари земјиште до 2020-та, и Њујоршката декларација за шуми, чиј таргет се 350 милиони хектари до 2030-та.
"Новата инцијатива треба да капитализира од 'силната традиција' на успешно обновување на пејзажот во Африка: локалните заедници во Тигреј регионот на Етиопија веќе имаат обновено над 1 милион хектари, додека во Нигер, земјоделците ја имаат подобрено можноста за прехранување на 2,5 милиони луѓе со зголемување на бројот на дрвја на фармите на околу 5 милиони хектари земјоделски површини," пишува Сем Џоунс во Гардијан, пренесувајќи ги бројките од африканските експерти според кои континентот има околу 700 милиони хектари погодни за обновување на џунглата.