Проценките кои го објавува Фајненшл тајмс се дека 1-неделна офанзива го чини ИСИС околу 1 милион долари само во муниција. На ова плус е оружјето што треба да го набават и останата логистика.
Што се однесува до платите на членовите на ИСИС, има три основни групи, кои се разликуваат по верноста и потеклото на џихадистите.
Меѓу обичните војници најниско во хиерархијата e мунасирин групата, борци кои се немаат заколнато на верност на ИСИС и кои се платени по потреба. Нивната плата е од 50 до 150 долари.
Над нив се мубајин, локални борци кои се имаат заколнато на верност на ИСИС. Освен платата, тие добиваат и бонуси во зависност од покажаното. Просечната месечна сума што тие ја добиваат е меѓу 200 и 300 долари.
Мухаџирин е најдобро платената група. Ова се џихадисти дојдени до странство кои освен плата добиваат посебни додатоци и бонуси. Нивниот просек е околу 600 долари.
Бидејќи фирмата им е во проширување и во инвестиции, ФТ пренесуваат сведоштва на војници дека платите често пати им доцнеле или ако касно дојдеш по плата може да се случи да им се имаат потрошено парите што им биле на располагање за плати.
Видео за настанокот на ИСИС од 6 минути