Да не испадне дека се негостољубиви. пакетот за назад е понуден од сосема други побуди, односно затоа што голем број од барателите на азил што од Средниот Исток и Африка доаѓаат во Норвешка, очекуваат брзо да биде решен нивниот статус, и не можат да ја чекаат предвидената процедура која трае повеќе месеци. За да не биде дека немаат каде и се заглавени на студот на северот од Европа, владата одлучила да им ја даде и опцијата за платено враќање назад.
"Тие мислеле дека ќе имаат шанса да работат или да се образуваат - па дури можеби и целото семејство да го донесат во Норвешка.
Многумина од нив не можат да чекаат (за да се комплетира процедурата). Тие дома имаат семејство кое од нив очекува да им помогне," објаснува првиот човек на Одделот за враќање, Катинка Хартман.
Според нивни бројки до сега над 900 луѓе аплицирале за финансиска помош за заминување од Норвешка. Помошта е скалеста и зависи од повеќе околности. На пример семејство со две деца може да добие до 80.000 круни за напуштање на земјата (околу 8.450 евра) плус платена авионска карта до дома.
Во јануари годинава бројот на мигранти кои прв пат побарале азил во Норвешка изнесуваше 570 луѓе, во октомври, оваа бројка е 8.575.