Кога во книжарницата Лјевак на плоштадот бан Јелачиќ во Загреб ја забележав новата книга на Мураками, со веќе преполна торба други, за момент се замислив. Да, „Норвешка шума", „Спутник", прекрасната „Јужно од границата, западно од сонцето", новата трилогија...ама, книга за трчање? Јас, што не можам да потрчам ни по автобус без болки во листовите? Сепак, книгата ја земав, и без трчање се упатив кон касата.