Bookbox

Најкратката војна во историјата која траела - 38 минути

Никој не би требало да сака војна, особено не таква која би се викала „Стогодишна војна“ (како што била наречен конфликтот помеѓу Франција и Англија кој започнал во 14-ти а завршил во 15-тиот век, и всушност траел 116 години). Но ако судирот е неизбежен, тогаш е подобро да заврши колку што е можно побргу. На пример - за пола саат.

„Море од дрвја“ - приказната за шумата на самоубијците во Јапонија

Северозападно од планината Фуџи се наоѓа Аокигахара, шума која е толку густа што е позната како „море од дрвја“. Голем број посетители го бираат ова место како нивна последна дестинација. Тука се одвива и дејството на истоимениот филм со Метју Мекконахи, во режија на Гас Ван Сант.

Сите сме Велики

Се сеќавате на песната на Систер Слеџ, We are Family? Епа изгледа навистина сме, ако ништо друго во Европа, далечни братучеди, золви, јатрви и баџанаци, поврзани со едно единствено име на монарх од деветтиот век.

Тао-то на користењето мобилен: како ритуалите можат да ја променат нашата врска со технологијата

Ограничување на времето пред монитор. Минималистички апарати. Оставање на мобилните на купче за време на вечера. Нема недостаток на креативни „решенија“ за нашата нестабилна врска со паметните телефони. Потрошувачката е непријателот, ограничувањето е решението, а новите навики се ветениот резултат. Целта? Попродуктивен живот, ослободен од бескорисното скролање и испразноста на социјалните медиуми. Звучи фино, но не врши работа.

Нежната уметност на шведското претсмртно чистење

Во 2018 излезе англискиот превод на книга чиј поднаслов е „Како да се ослободиш од глупости што си ги собирал целиот живот“ на шведската авторка Маргарета Магнусон. Иако звучи како уште еден практичен и несентиментален пристап кон средување на куќата, таа, како и новата серија поврзана со неа, имаат посебен, скандинавски шарм.

„Со нејзини зборови“: нова книга со дневнички записи на Ејми Вајнхаус

Изданието кое е одобрено од семејството ќе содржи и рачно напишани стихови и до сега необјавени фотографии, и ќе биде објавена две недели пред датумот кога Ејми ќе полнеше 40 години.

Џејмс Бонд против Џејмс Бонд: приказна за авторски права и плагијаторство

Пред четириесет години Роџер Мур и Шон Конери се „судриле“ на билетарниците на кино-салите, додека во нив истовремено се прикажувале „Октопус“ и „Никогаш не вели никогаш повеќе“. Вториот бил неофицијален, без славната шпица и без карактеристичната музика. Но на гледачите тоа не им пречело. 

Не можеме да се договориме што е „пингвин“ (не па за друго)

Дигиталниот речник на македонски јазик го дефинира пингвинот како „голема црно-бела јужнополарна морска птица што не лета, оди исправено, но вешто плива“. Слично стојат работите и во Меријам-Вебстер, речникот на англиски јазик, каде тоа е „исправена птица која не може да лета, а живее на јужната хемисфера“. Кога би прашале тројца од нас што е „пингвин“ сигурно не би добиле три ни приближно толку слични дефиниции.

Научниците прават дронови од препарирани птици

Иако на прва звучни необично, препарираните тела на птиците се користат за набљудување на живиот свет на помалку инвазивен начин. Јасно е додуша дека и на војската и на разузнавачите им одговараат дронови кои не личат на машини, но засега е рано да се размислува за можните (зло)употреби. 

Во слава на иритацијата

За разлика од лутината, тоа да си надразнет, нервозен, иритиран не содржи никаква радикалност или гламур. Па сепак, тоа е можеби чувството кое ни треба во моментов, како предизвик да работиме на себе. 

Калипсо - карипскиот стил промовиран од Хари Белафонте

Денес, 25.4, медиумите објавија вест дека на 96 години во својот дом во Њујорк починал Хари Белафонте, харизматичен пејач и активист за човекови права, чија кариера тргна по нагорна линија по албумот од 1956, „Калипсо“. Неговиот наслов е всушност музички стил, за кој светот дозна токму преку песните на Белафонте.

Од зелка зелено до гавран црно - древната практика на дијагностицирање преку бојата на урината

Средовековните ракописи прикажуваат спектар бои и конзистенции кога ја опишуваат урината. Уроскопијата била сложена практика од која лекарите можеле да извлечат податоци за историјата на пациентот, дијагнозата на неговата болест но и да предвидат колку ќе живее.

Мајмунот кој работел за железницата и никогаш не згрешил

Бабунот Џек бил повеќе од милениче. На својот господар - скретничар на железница, кој останал без двете нозе, цели девет години му бил личен асистент. Ја познавал сета сигнализација и самиот, без ниту една грешка, ги поместувал лостовите насочувајќи ги возовите. Вештина и работна етика на која можат да му позавидат голем број човечки примероци.

На 22 април, Меѓународниот ден на Земјата: како се поврзани јазикот и климата

Светот почнува да станува неподносливо топол. Во летните месеци се случува школки на плажите на Калифорнија да се варат во сопствените оклопи. Купишта отпад се палат „од ништо“ и предизвикуваат огромни шумски пожари. Во меѓувреме, 90% од американските домови се ладат со клима уреди. Огромно количество енергија е потребно за да се избегне климатската реалност. Но изгледа како голема енергија да се вложува и во употреба на јазик кој ќе одбегне да нè алармира за истата. 

Букбокс друштвени игри: „Фотосинтеза“ или како да не бидеш „дрво“ за садење дрвја

Третиот текст во оваа подрубрика е инспириран од ритамот на природата што го сведочиме од нашиот прозорец - со секој изминат ден сонцето е посилно, вегетацијата разлистува, се слуша песната на птиците. Заедно со интензивниот априлски дожд, ова најавува дека новонасадените дрвја добро ќе се фатат. И ќе пораснат...за едно десет години. Но има и побрз начин од семка да пораснеш дрво и да му се радуваш - играјќи ја оваа игра.

Патлиџаните што растат на струја: експериментите со растителен електрицитет што биле отфрлени како шарлатанство

Пред два века неколкумина научници биле зафатени од необична опсесија - како да ја искористат електричната струја за побрзо и поефикасно одгледување растенија. Тогашната научна јавност ги оценила овие напори како „мамбо-џамбо“. Но денешната наука ги потврдува нивните наоди.

„Веќе не им верувам на сопствените очи“ - како вештачката интелигенција влијае врз нашата доверба во слики

Неодамнешниот скандал со признанието на добитникот на главната награда на Светскиот натпревар за фотографија организиран од Сони, дека неговото дело е всушност креација на вештачка интелигенција, го постави загрижувачкото прашање: ако жирито составено од професионалци на овој престижен натпревар не можат да разликуваат лажна од реална фотографија, што останува за нас, останатите?

Вистинското потекло на изразот „ефектот на пеперутката“ има врска со диносауруси и нацисти

„Звукот на грмотевицата“ е краток расказ од Реј Бредбери, прв пат објавен во списанието Колиер во 1952. Тој се смета за извор на термин поврзан со теоријата на хаос, која според популарното толкување вели - замав на крило на пеперутка на една страна на светот може да предизвика ураган на спротивниот крај.

Како Едгар Алан По ја инспирирал играта „Скребл“

Од 1938, откако Алфред Батс ја измислил „Скребл“ - играта на составување зборови, од неа се продадени над 150 милион примероци. Проценето е дека на секој час околу 30.000 луѓе започнуваат да ја играат, на 30 различни јазици (меѓу кои и неофицијална македонска верзија). Но сето ова не би се случило да не бил Батс голем фан на Едгар Алан По.

Од 14-тото Биенале на млади уметници во МСУ: Треперливата рака (и срце?) на романтичниот робот-поет

Отвореноста на музеите по повод 18 април, Меѓународниот ден на културното наследство, нè поттикна да го посетиме Биеналето на млади уметници во Музејот на современа уметност во Скопје. 14-то издание по ред, тоа е една од најзначајните меѓународни манифестации за современа уметност во Македонија. Освен домашни учесници, годинава свои дела изложуваат 38 млади уметници од 13 други земји, дел по избор на кураторите, а дел пријавен на јавниот конкурс. Едно од нив ни остави посебен впечаток.

„Не ми се излегуваше“: шпанска спортистка помина 500 денови изолирана во пештера

Откако поминала скоро година и пол во речиси целосна изолација 70 метри под земја, Беатриз Фламини излегла од пештера во јужна Шпанија и прашала - Кој части пиво? Додека била внатре прочитала 60 книги, немала поим што се случува во надворешниот свет и била „во контакт со себеси“. Ја разбираме зошто не ѝ се излегувало.

„Разроката лигња“ - морското суштество кое има очи за гледање нагоре и надолу

Се вика „разрокaта лигња“, затоа што има еволуирано така за едно, големо око, да ѝ гледа накај површината на морето, а друго, помало, да ја следи активноста на морското дно. Нешто како кога човек би имал два пара очи, едни за преку ден, други за „инфрацрвен“ поглед ноќе.

Експлозивна велигденска традиција на еден грчки остров

Традиционално, сообраќајот на автопатот Пријателство и премините кон Грција се интензивира за време на велигденските празници. За жал ретко кој ќе стигне толку далеку на југ за да се запознае со велигденската традиција на островот Калимнос.

Колкав временски период може да се покрие во 250 зборови проза?

Времето во прозата полека но сигурно забрзува - ова е заклучок на научна статија во која истражувачите се обиделе да откријат кое е просечното времетраење опишано во типичен прозен пасус во литература на англиски јазик и како тоа се менувало во последниве векови.