Во кратoк расказ на Едгар Алан По под наслов „Златната бубачка“, објавен во 1843, главниот лик решава загатка базирана на фрекфенцијата на буквите во англискиот јазик. „Буквата која најчесто се појавува во англискиот е Е. Потоа следуваат: а, о, и, д, х, н, р...“, напишал тој.
Иако По не бил сосема прецизен во својата пресметка на најфрекфентните и најмалку фрекфентните букви, идејата за нивно рангирање согласно тоа колку често се употребуваат во англискиот го интригирала Алфред Батс, креаторот на популарната игра со составување зборови „Скребл“. Со оглед на тоа што такво рангирање во 1930-тите не постоело, тој си создал свое, „пешки“ пребројувајќи ги буквите во Њујорк Тајмс, Њујорк Хералд Трибјун и Сатрдеј Ивнинг Пост.
Откако изработил комплицирана таблица, Батс дошол до заклучок дека најчесто употребувани букви во англискиот се е, т, а, о, и, н, с, х, р, д, л и у, на кои отпаѓаат 80% од вообичаено користените букви. По ова си направил сопствена игра. Негов соработник сугерирал неколку подобрувања на концептот, како шемата на бои и бонусот за искористување на сите плочки со букви. Така е родена играта која денес ја знаеме како Скребл.
Таа доживеала масовна популарност кога директорот на американскиот синџир стоковни куќи Мејси ја изиграл на одмор во 1952 и нарачал илјадници парчиња за своите дуќани. Скребл од тогаш е хит кај љубителите на друштвени игри и зборосоставување, и сето тоа благодарејќи на детал во речиси два века стара кратка приказна. Развој на настаните кој По веројатно никогаш не го имал п-р-е-д-в-и-д.
За македонска верзија на Скребл тука