Bookbox

Можете ли да се скокоткате самите себеси?

Некои луѓе слушаат гласови. Други искусуваат сензација на скокоткање, дури и кога никој не ги допира. Нови сознанија покажуваат како е тоа можно.

За македонство, без „-изам“

Актуелниот политички миг помеѓу другото наложува употреба на изнијансирани лингвистички средства - прецизно определување на зборовите. Во тој контекст, дали нешто e „-изам“ или „-ство“ може да направи голема разлика. 

Најсаканите (и најомразените) интерпункциски знаци на познати писатели

„Да се биде догматичен во однос на интерпункцијата е исто толку будалесто колку да се догматизира која и да е друга комуникација со читателот“, напишал Хенри Џејмс. Па сепак, изборот на знаци и во прозата, а уште повеќе во поезијата, му сигнализираат нешто на читателот. На пример тоа дека авторот може да сака едни, а да мрази други.

Новиот албум на „Мјуз“ ќе отвори нова категорија на топ листите

Последен пат нова категорија албуми на топ-листите беа оние кои можат да се слушнат на стриминг платформите. Од тогаш поминаа седум години. Сега таква категорија ќе станат и оние издадени како NFT или незаменливи токени.

Корнишон на плафон: уметност вредна 10.000 долари

Станува збор за дело на Мејту Грифин, изложено во Окланд, Нов Зеланд, а всушност потекнува од чизбургер на Мекдоналдс. Критиките се движат помеѓу „генијално“ и „моронско“. Добро што го поставиле високо, бидејќи хигиеничарите сигурно до сега ќе го сределе.

Што е тоа „водно кремирање“?

Процедурата официјално се нарекува алкална хидролиза, а преку неа мртвото тело се распаѓа на течна комбинација од амино киселини, пептиди, соли и сапуни. Велат дека е толку еколошки чиста, што добиената течност може да се пие. 

Барнум-Форер: психологија на измамата

„Имате голема потреба луѓето околу вас да ве ценат и да ви се восхитуваат“. „Некои од вашите амбиции можат да бидат прилично нереалистични“. Повеќето од нас би се согласиле со вакви или слични изјави кога некој би ни кажал дека се однесуваат специфично на нас. Всушност, ова се прилично неодредени описи со кои би можел да се идентификува речиси секој. На оваа карта играат астролозите, читачите на „аури“, но и некои видови тестови на личноста.

Зошто Хитлер и Сталин го мразеле есперантото?

Јазикот, од страна на оние на кои не им одговарал светски мир и меѓународна соработката, бил прогласен за резултат на завера на комунисти, Евреи и други непријатели. Биле прогонувани и наследниците на креаторот на есперантото, кои биле убиени во холокаустот.

Еден од најбогатите британски уметници ќе ги гори своите слики

Демиен Хрст, најпознат по препарирањето мртви животни во 1990-тите, ќе изгори илјадници свои слики во рамки на проект кој се фокусира на уметноста како валута.

83-годишната потрага по еден исчезнат вирус

Вакцините кои биле користени за уништување на големите сипаници, и кои се користат и денес против мајмунските, се базирани на непознат вирус кој до сега никој не го идентификувал - патогенски „дух“. И покрај долгата потрага, никој не знае од каде се нашол во вакцините, ниту пак дали се уште постои во дивина.

Годината кога среде лето паѓал снег

Историјата на природните катастрофи е полна со поплави, земјотреси па дури и астероиди, но некои од најфасцинантните имаат врска со вулкански ерупции. Една од помалку познатите довеле до тоа годината во којашто се случила да нема сонце.

Кога Ерик Сати ги фотографирал Дебиси и Стравински

Двајца големи композитори пред објективот, еден зад него. Портретот е датиран на почетокот на 1910-тите, а на него освен двата лика се гледа библиотеката и репродукциите на јапонски графики во работната соба на Дебиси, во чиј дом е направена фотографијата.

Oд каде изразот „паѓаат ко муви“?

Ако живи суштества паѓаат ко муви тоа обично не е добра вест. Всушност, и потеклото на изразот, кој се среќава во повеќе јазици, па и во македонскиот, е поврзано со една таква масовна катастрофа. Но зошто токму мувите се одбрани како идеални „паѓачи“?

Библиотеки, ама за алати

Како форма на штедење и намалување на отпадот, библиотеките за алати им овозможуваат на членовите да позајмат косилка, тример, пила и други алатки , но и да добијат совети и специјализирани курсеви. За позајмениот алат не се наплаќа, освен годишна членарина.

Морбус Балканус - навредлив термин за хипохондрични мигранти

Луѓето од различни културни контексти ја доживуваат и ја изразуваат својата болест на различни начини. Доколку притоа не го зборуваат јазикот на земјата во којашто се дојдени, работите стануваат уште покомплицирани. Во германските говорни подрачја постои квази-дијагноза за нив. Всушност, ним не им е ништо, туку се само „медитеранци“, „балканци“ или „од Босфорот“.

Предокот на Мис Пиги: кога таткото на креаторот на Мапетите правел марионети од Хитлер

Во 1930-тите таткото на Френк Оз, Исидор (Мајк) Ознович направил марионета на Хитлер која се користела во пародични претстави. Долго време била закопана во земја, па најдена на таван. Таа сега ќе биде дел од изложба во Современиот еврејски музеј во Сан Франциско.

Книжарницата отворена 24 часа каде се плаќа „на доверба“

Велшкото гратче Хај-он-Вај е преполно со прекрасни книжарници со изданија од втора рака и затоа е прогласено за Светски град на книгите. Помеѓу бројните книжарници, една се издвојува и по работното време, и по принципот на наплата.

„Брдсонг проџект“: 220 познати музичари, актери и писатели оддаваат почит на птиците

Птиците се оригиналните музичари. Ова е појдовната точка на „Проект птичја песна“ на Здружението Одибон, американска непрофитна организација посветена на конзервација на птиците и нивните живеалишта, формирана во 1905.  Во него веќе се вклучени познати музичари, писатели и уметници, а планот е нивниот број да достигне 220.

Потеклото на еден од најдолгите зборови во англискиот јазик

Зборот кој ќе ви го искрши јазикот не е во вообичаена употреба, но неговото потекло од латинскиот е всушност резултат на игрива комбинација на неколку термини со исто значење во едно. Бил најдолг во првото издание на Оксфордскиот речник на англискиот јазик, но во второто приматот му го зел друг, уште подолг.

Кога Ричард Бартон и Елизабет Тејлор глумеле во студентска претстава

Пред 50 години холивудските ѕвезди издвоиле време од своите бројни обврски за бесплатно да учествуваат во студентска продукција. Што стоело зад овој голем гест?

Ново реално шоу ќе го бара следниот голем писател

„Следниот голем американски автор“ е име на шоу кое по вообичаениот натпреварувачки терк за готвачи или цвеќари се очекува да го открие она што го најавува и ветува - новиот голем американски (а со тоа и светски) автор на бестселери.

Дизни наскоро ќе го загуби авторското право на оригиналниот Мики Маус

Во 2024 се ослободуваат правата за најраната верзија на Мики. Што значи тоа за најславниот глушец на светот?

„Лупен на издаваштвото“: измамникот кој излажал стотици уредници и автори

29-годишен вработен во познатата издавачка куќа Сајмон и Шустер неколку години извлекувал необјавени ракописи од познати автори и комуницирал преку лажни профили со уредници и агенти како да е претставник на бројни издавачи. Она што ја мати целата работа е - зошто? Вака добиените вредни ракописи не биле пиратирани, не биле продавани, а тој не барал откуп за нив. Можеби само сакал да ги прочита?

Експериментот со фарбање на затворските ќелии во розово

Пред неколку години во затворите во Европа и Северна Америка започнал необичен тренд - затворските ќелии почнале да се фарбаат во розово. Ова станало толку вообичаено што во 2014 еден од пет затвори и полициски станици во Швајцарија имале најмалку една ќелија во „фламинго“ розе. Зошто?