Бил сјаен но контроверзен автор на Футуристичкиот манифест, боемски поет затворен во иста ќелија со Мусолини, кој визионерски го предвидел модерниот свет. Нова изложба го истражува неговото наследство.
Приказната што ја знаевме е следна: на 9 септември 1947 и тоа точно во 15:45 е регистриран „првиот вистински случај на компјутерски баг“ - молец најден во електричните кола на компјутерот Марк 2 на Харвард. Од тогаш наводно и датира употребата на овој термин за инженерска или техничка грешка. Но тој е всушност постар и нема врска со конкретниот молец, кој изгледа бил зафрканција.
САД не можат да постигнат од наплив на верници кои се прешалтуваат од потрадиционалните протестантски заедници во православната црква. Не какви било верници, туку млади, неженети мажи, кои сметаат дека ова им е по „мажествена“ алтернатива.
„Освен медицина, образование, вино, јавен ред, иригација, патишта и систем за чиста вода, што имаат бе направено Римјаните за нас?“ - е познатата реплика од „Животот на Брајан“ на Монти Пајтон. Списокот делува исцрпен но нешто е сепак заборавено.
Презентирани како уметнички дела, необичните предмети се закачени на ѕидот на галерија во Торонто. Тие се добиени на јавен повик од нивните сопственици, а ја испитуваат дефиницијата на тоа што е „лош“ или „промашен“ подарок.
Сакаш да градиш нешто? Направи макета, облечи ја, стави се среде маалото кадешто би требало да е лоцирана и погледни наоколу. Личи или е грдо? Удобно ли ти е или се гушиш? Ти паѓаат ли делови од облеката бидејќи не се добро прицврстени?
Дали верувате во оваа изрека зависи од тоа дали сте од оваа или од онаа страна на пултот. За купувачот ова може да е благослов, но за продавачот потенцијална стапица за злоупотреба на таквата филозофија. За потеклото на изреката има неколку теории.
Ова е нешто што психолозите го нарекуваат „континуитет на јаството“, а тоа, велат, може да го подобри нашето здравје и благосостојба, плус позитивно да влијае врз пошироката околина.
Денес, 1 јануари, илјадници дела од 1929 ќе влезат во американскиот јавен домен. 2025-та всушност претставува заокружување на ослободувањето на авторските права на сите книги, филмови, песни и уметнички дела објавени во текот на 1920-тите.
Има и животни и луѓе кои важат за злопамтила, иако ова не е секогаш лоша особина. Просто е добро да запамтиш кога некој ти згрешил, за да не ти го стори тоа и втор и трет пат. Ама птициве да ти биле врв во злопамтењето.
Рихтеровата скала, заедно со Меркалиевата, е најчесто спомнуваната кога се определува јачина на земјотрес. Човекот по којшто е наречена го изумил концептот на магнитуда, но и самиот имал прилично „земјотресен“ живот и карактер.
Арчибалд Лоу бил инженер, физичар и изумител, како и автор на повеќе од 40 книги. Во историјата е запишан како човекот што го направил првиот дрон, но овој откачен тип е заслужен за многу повеќе од тоа.
Потеклото на декорацијата, онаа која кога ќе се протресе паѓаат снегулки, е поврзано со 17-тиот бицирк на Виена, каде потомците на изумителот се уште ги изработуваат за колекционерите низ светот.
Насловот можеше да биде и „оваа храна никако не смеете да ја јадете на новогодишната ноќ“, ама па така ќе ризикувавме да се најдеме во сопствената рубрика „Стигнавме на дното“. Затоа малку ќе го промениме аголот - ова се верувања за тоа која храна носи малер ако се јаде на крајот на годината и почетокот на новата во различни култури.
Антоан-Огистен Парментие бил француски фармацевт и агроном од 18-19 век. Сепак, неговата најголема заслуга во историјата на човештвото е што го промовирал компирот како храна за луѓето во Франција и Европа. Без него ни чипс, ни помфрит, ни пире...а богами ни мусака.
Нова изложба во Оксфорд ја истражува привлечноста на тоа да знаеш што ќе се случи во иднина, дури и кога тоа знаење може реално да влијае врз неа (за добро или за лошо). Освен ако не верувате дека нештата се „чкртнати“ - ама па тогаш и знаењето многу не ви помага.
Се викала Софија Ковалевскаја (моминско Корвин-Круковскаја). Родена 1850 во Москва, таа не само што била првата жена што во модерна смисла одбранила докторат по математика, туку била и прва назначена за редовен професор во северна Европа. А по политичко убедување била - нихилист.
Долго време се опиравме да ја почнеме серијата за која најмногу се зборуваше изминатата година. Но она што на прв поглед изгледаше како црна комедија за сталкерка излезе нешто многу, многу повеќе.
„Значи како се начукав, буквално не знаев кај сум празнициве“ - ова можеби ќе биде наскоро нечија реплика, која ќе ја сфатиме метафорично или...буквално.
Откако собра средства со онлајн кампања, еден британски бенд вклучи игра со симболична содржина во првите 200 примероци од својот нов албум, надевајќи се дека со неговата продажба ќе можат да финансираат уште копии.
Во нашата средина не сме навикнати на „сосекувачки“ критики за што и да е од областа на уметноста. Дури и оние кои сакаат да укажат на недостатоци на делото сепак ги бираат зборовите, затоа што средината е мала и лесно е да се замериш. Но тоа не е така во поширокиот книжевен свет.
Веднаш да одговориме, за да не ве држиме во неизвесност. Тајната на тоа да станете шампион во оваа игра на зборови, на јазик кој не го познавате е - да го запомните целиот негов речник. Лесно, нели?
Нова книга на Џереми Керинг, професор по историја на уметност на Универзитетот во Фрибург, Швајцарија, се занимава со историјата на верувањето дека јадењето делови од свети слики и реликвии помага во лекувањето на одредени болести. Секако, ова историски подразбирало нивно делумно или целосно уништување.