Bookbox

„Таа ноќ ја видов“: вистинската екстравагантна благородничка од романот на Драго Јанчар

Во март 2015, група словенечки археолози откриваат остатоци на маж и жена во шума близу гратчето Преддвор, во северна Словенија. Тогаш медиумите известија дека станува збор за некогашните сопственици на дворецот Стрмол, Радо и Ксенија Хрибар, кои на крајот од Втората светска војна се однесени на непозната локација од страна на новата власт - партизаните. На нив, само под други имиња, се однесува наградуваниот роман на Драго Јанчар, „Таа ноќ ја видов“, кој излезе пет години порано, во 2010.

Кажете му фала на Ал Капоне за означувањето на рокот на траење на млекото

Американскиот бизнисмен и генерално гангстер наводно почнал да се залага за воведување рок на траење на шишињата со млеко, откако некој од неговото семејство се затрул од застојано млеко. Можеби стварно му било до здравјето на луѓето, а можеби имало врска и што ја поседувал потребната технологија. Кај шишиња со алкохол, таму и шишиња со млеко.

„Последна станица Ларима“: гратчето со 11 жители, од кој еден е убиецот

Среде пустелијата на северна Австралија, во регион наречен „Никогаш Никогаш“ (сериозно), има населба која тешко дека би можела да се нарече град. Во неа до скоро живееле 11 луѓе. Сè до исчезнувањето на локалниот шегаџија. Доволно „штоф“ за документарец кој се прикажува на Нетфликс. 

Бергруен - „Нобелот“ за филозофија тежок 1 милион долари

Од 2016 институтот Бергруен од Лос Анѓелес доделува признание на „мислители чии идеи ни помагаат да пронајдеме насока, мудрост и подобро разбирање на самите себе во свет кој рапидно се менува“. Првиот добитник беше канадскиот филозоф Чарлс Тејлор, а оваа година наградата оди кај американскиот социолог и теоретичар Патриша Хил Колинс. 

Очекувајќи брз автобуски превоз во Скопје, да го запознаеме проектот за подводно метро во Индија од 1921

Во април оваа година властите на Калкута, сосе инженерите кои работеа на проектот, се качија на подводна железница за тест возење. Линијата ќе биде отворена за патници до крајот на 2023. Но таа во голема мерка се базира на нацрти на британски инженер роден во Бенгал, од пред еден век.

Од супер, преку мега до омни-ѕвезди: кaко вештачката интелигенција ќе ја трансформира славата

Koмпјутерите со децении ги заменуваат човечките работни места. Сега долгата рака на вештачката интелигенција почнува да посега и по оние најгламурозните. И иако интуитивно изгледа како да ќе ги загрози, досегашната историја на иновациите покажува дека славните преку нив само станале уште пославни.

„Секој ден, во секој поглед, сè повеќе напредувам“: по трагата на една 100 години стара афирмација

Денешните самонаречени мотивациски тренери и животни советници можеби мислат дека нивните занимања се измислица на новото време и дека тие имаат некаква револуционерна улога во истото. Но моќта на автосугестијата била позната одамна, а неа ја промовирал еден француски психолог од 19 век.

Ренесансни ножеви со вгравирани ноти за молитва пред и по вечера

Низ музејските колекции повремено се појавуваат ножеви чија намена не е сосема јасна. Изгледаат како со нив да не може баш нешто асално да се исече, а од двете страни имаат реална музичка нотација за религиски песни кои траат по 30 секунди. Во светот во моментов се познати само дваесетина парчиња кои изгледаат навистина убаво. 

Гонкур 2023: редок случај престижната награда да се додели на бестселер

Најпрестижната книжевна награда во Франција, која во пари „тежи“ само 10 евра, но повлекува слава и продажба, се доделува од 1903-та. Оваа година неа не ја доби некое елитистичко дело, туку автор кој со само четири објавени книги доживува метеорски подем и статус на автор на бестселери.

Древната грчка сандала за сексуални работнички која оставала „кодирана“ трага 

Најстариот занает на светот, како што понекогаш се нарекува, отсекогаш бил на тенката меѓа помеѓу дозволеното и забранетото, јавното и тајното. Оттаму, оние кои се занимавале со него морале да бидат и малку креативни во своето рекламирање. 

Музејот на стотици природни мириси во Калифорнија

Специјалистот за парфеми Менди Афтел поседува голема колекција на ретки есенции и артефакти кои се изложени во нејзината Архива на необични мириси во Беркли. Помеѓу нив има познати, како лаванди и цимети, но и ретки, како посебен вид тасмански цветови (14.000 долари кило) или исцедок од мачкини жлезди.

Последната официјална чуварка на светилник

Сели Сноумен последниве 17 години е чувар на Бостон Лајт, светилник кој датира од 18 век, на мало парче копно во Бостонското пристаниште во Масачусетс. Таа во декември ќе се пензионира и со тоа ќе биде означено згаснувањето на оваа професија во САД, а веројатно и пошироко. 

„Одзади“: изложба посветена исклучиво на опачините на славните слики

Нова поставка во музејот Прадо во Мадрид ги истражува задните страни и рамките на уметничките дела за да ги долови нивните приказни, тајни и патувања. Некои од откритијата, до сега достапни само на очите на конзерваторите и авторизираните истражувачи, се навистина интересни. 

Запознајте го Кирил и Методиј на Чероките

Се викал Џорџ Џист и бил домороден сверноамерикански полимат и просветител на народот Чероки. Неговата иновативна азбука, која содржела дури и кирилица (?!), направила неговите сонародници не само да ја памтат, туку да можат и да ја запишат својата традиција. Најпрвин од нив бил обвинет за „вештерство“, но кога Чероките сфатиле дека на овој начин ќе имаат адут плус пред агресијата на белците му рекле - „А да нè научиш?“.

Пример за „сечена-лепена-монтирана“ фотографија од 1902

Лажните вести и монтираните фотографии ги поврзуваме со современите технологии, кои им нудат можност дури и на понеписмените во оваа област да експериментираат или намерно да манипулираат. Ама човечката природата одамна била лажовна, па дури и кога било покомплицирано, фотографиите се „фотошопирале“ рачно.

Човекот кој собира знаци „Не вознемирувај“ од цел свет

Некој Едвардо од Турин, Италија, пензиониран државен службеник кој на времето многу патувал, не само што собира хотелски знаци од оние што се ставаат на квака кога не сакаш да те вознемируваат, туку истите и ги архивира онлајн.

Шефот на ХБО ангажирал „армија“ вработени да напаѓаат ТВ критичари онлајн

Кејси Блојс, извршен директор на ХБО, се извини за тоа што ангажирал вработени да креираат лажни Твитер профили и преку нив да постираат про-ХБО коментари и да ги напаѓаат ТВ критичарите кои немале добри зборови за она што се прикажувало на овој стриминг сервис.

Текст што оди со џин и тоник: приказната за кининот и дрвото што ја сменило светската историја

Со векови, маларијата, болест која ја предизвикува паразит пренесуван од комарец, ги измачувала луѓето низ светот. Сеела смрт низ Римската империја; убила помеѓу 150-300 милиони луѓе во 20-тиот век и, според Светската здравствена организација, речиси половина од светското население и денес живее во области каде болеста се уште постои.

„Срце од црн гулаб“ - нова книга за магиските обреди во Србија

На корицата на новата книга на новинарот Момчило Петровиќ покрај насловот стои и следново предупредување: „Ова не е книга за паранормални појави, туку документарно четиво“ и извичник. И ова не е случајно, бидејќи укажува на можноста/ризикот бројните луѓе кои се уште веруваат во магии, и не само во Србија туку и на целиот Балкан, да посегнат по неа како по прирачник.

Психологија на лажењето: полесно е во мејл, поретко e в лице

Политичари, инфлуенсери, „обични луѓе“, што би рекол доктор Хаус, сите лажат. Но сепак постојат бројни варијабили кои ги одделуваат овие случаи, од тоа која целна група е мета на лагите, до тоа кој е медиумот кој се користи за нивно пренесување. Од што зависи колку и кого лажеме?

„Вештачка интелигенција“ (AI) е збор на 2023-та според речникот Колинс

Крајот на тековната година го одбележуваат разни избори на најдобро или најпопуларно ова или она. Различни лексикографски издавачи имаат свои избори на „нај“ збор, но Колинс оваа година ги претрка останатите со тоа што го прогласи акронимот AI (ВИ) за збор на 2023.

Зошто филмовите стануваат толку непотребно долги?

Парадоксално е - додека генералната моќ на концентрација и внимание опаѓа, па оттаму е логично публиката да сака да гледа нешта кои се кратки и незаморни, должината на играните филмови се зголемува. Статистиката покажува дека денес популарните филмови се 50% подолги од оние во 1930-тите.

Времето на духовите не е поминато туку допрва доаѓа

Една теорија за тоа зошто 19-тиот век е толку богат со приказни за духови и разни ужаси е труењето со јаглерод моноксид од уличните плински лампи. Дали денес има замена за оваа состојба која би овозможила духовите да продолжат да постојат и - каде?

Суетни генерали, Елвис и конфети од сечење мапи: косовска претстава за фарсата на мировните преговори

„Преговарајќи го мирот“ на косовскиот драматург Јетон Незирај покажува дека дипломатијата на мирот е фарса, иако често неопходна. Станува збор за драматизирани преговори за мир помеѓу фиктивните завојувани земји Бановија и Унмикистан, претставени како комедија, иако со горчливи тонови.