Омилена техника е на режисери како Акира Куросава, Сам Пекинпо и Вес Андерсон. Сите тие, сосе нас кои денес можеме да правиме филмчиња во слоу моушн и со обичен телефон, треба да му заблагодарат на човек по име Аугуст Мусгер.
Тероризам, ИСИС, уште тероризам, Трамп, Брегзит, смрт на славни личности. 2016 изгледа дека не можеше да биде полоша. Стивен Пинкер вели - чашата е сепак полуполна, ама само ако заедно ја наполниме.
Што би се случило ако среде некоја македонска пустелија забодете знаме и се прогласите за владетел на измислена земја? Ќе можете ли да составите влада? Ќе ви тргне ли економијата? Ќе ви го признаат ли името?
Она што е први април за нормалниот свет, тоа е (католички) Божик за академските списанија - според традицијата голем број од нив на овој датум објавуваат статии кои не се сосема ненаучни, но на теми и методологии кои вообичаено не би биле прифатени како сериозни. Дали е ова толку наивно колку што изгледа на прв поглед?
Стрес, преработеност, недостаток на социјализација во време на прекумерно користење социјални мрежи, постојана изложеност на лоши вести - сето ова го живеевме и допрва ќе го живееме. Една древна филозофска школа нуди безвременски и универзални решенија за секакви маки, па и за овие.
Документарна ТВ серија во која куп познати и помалку познати објаснуваат колку е бизарно да се биде Британец, и тоа (до сега) во тек на две сезони и седум епизоди, без намера да запрат. Ако тие имаат толку многу проблеми, колку ли епизоди би биле потребни за нашите?
Како луѓето, и особено помладите кои допрва ќе бидат изложени на овој феномен, да разликуваат дигитални факти од фикции? Да се обучат од мали нозе, како што некогаш бевме обучувани по ОНО и ОСЗ да ја препознаваме непријателската пропаганда.
При крајот на годинава медиумите се обидуваат од петни жили да направат списоци на фини вести и настани кои се случиле во исто време додека нè навјасуваа лошите, само за некако да ја смалат горчината која таа ни ја остава во устата. Некако тешко им оди.
Додека патувал низ Европа со другар му Макс Брод, летото 1911, на Кафка му дошла бизнис идеја - да пишува водичи со совети за тоа како да патуваш со малку пари. И во оваа работа бил визионер.
И кај нас има политички вртикапи кои ја менуваат нивната определба секогаш кога ќе проценат дека тоа им се исплати, вадејќи се на „развој“ на нивните убедувања, кои и не се баш убедливи. Оваа книга е за шестмина американски интелектуалци кои идеолошки свртеле од лево кон десно, a aвторот се обидува да сфати зошто, и како.
Знаеме дека ве удавивме со различни зборови на годината - од англиските пост-вистина и снегулка, „германското“ флај и австралискиот демократски колбас. Но овој некако ни изгледа дека најреално го опишува чувството со кое ја завршуваме годината. Дека таа беше - надреална.
Боуви, Принс, Харпер Ли, Алан Рикман, Мухамед Али, Џорџ Мартин, Леонард Коен...Годинава што изминува ни изгледаше посебно смртоносна за познатите личности. Дали навистина 2016 беше „проколната“?
Две кученца, едното поголемо и црно, а другото помало и бело, многу се сакаат, сè додека едното одеднаш не му ја џапне сочната коска од чинијата на другото. После тепачката, сепак победува пријателството.
Еве како би можеле да му се исплатат сите тие часови и часови поминати во чет на вашето дете (или на вас самите), кои излегува дека всушност биле бесплатен курс по странски јазик - јазикот на емоџи.
Не, не е безобразна метафора. Вистински колбас е, а за време на изборите го консумираат сите гласачи, и оние кои се за власта, и оние кои се за опозицијата. Не, пак не е метафора.
На свеченоста по повод доделувањето на Нобеловите настапи и Пати Смит, која имаше проблем да ја допее песната на Дилан, за момчето со сини очи и тешките дождови кои допрва ќе паѓаат. Во текстот објавен во Њујоркер таа објаснува што му претходело на овој настан и со какви чувства се качила на сцената. Есејот е одличен поглед во умот и срцето на оние од кои очекуваме просто да се качат на сцена и да нè забавуваат.
Музичкиот бизнис онаков каков што го знаевме е мртов. Тоа станува јасно кога статистиката ќе покаже дека, според бројот на продадени ЦД-иња, прв на листата е музичар од 18 век.
Постизборно сте вознемирени? Ве јаде јанѕа што носи иднината? Дојдете на топол чај подготвен по стандардите на еден Орвел. Или, ако повеќе сакате, на еден Даглас Адамс. А ние и ќе ви гледаме во него.
Вака-така Дилан сепак одлучи да му се обрати на Нобеловиот комитет, извинувајќи му се што не може да биде на свеченоста на доделувањето „главом и брадом“. А баш сакавме да го видиме со тоа орденот на гради, како одликуван генерал на поетско-музичарската војска.
Поддршката за одреден кандидат пред избори Американците имаат обичај да ја изразуваат и со тоа што пред куќи поставуваат билборди со неговото име. Но што ако тој (или таа) загуби?
Дјук Елингтон во неговата автобиографија „Музиката ми е љубовница“ се пофалил дека е најдобриот слушател на музика на свет. И во ова има нешто - како што за да бидеш добар писател прво треба да научиш да читаш туѓи дела, така и за да создаваш музика треба да ги отвориш ушите. Така таа полесно стигнува и до срцето.