Кампања за читачки навики

Бурсунсул и Паскулина

Две кученца, едното поголемо и црно, а другото помало и бело, многу се сакаат, сè додека едното одеднаш не му ја џапне сочната коска од чинијата на другото. После тепачката, сепак победува пријателството.

Во текот на декември фондацијата „Чекор по чекор“ организира Фејсбук кампања за здрави читачки навики кај децата, во чиј склоп симпатичниот лик-маскота, доктор Читко, испраќа мотивациски идеи и совети за тоа како родителите да се натераат и себеси, и своите деца, да поминуваат барем дваесетина минути дневно читајќи и раскажувајќи си за прочитаното. 

Како дел од проектот онлајн се поставени дваесет двојазични и тројазични (македонски, албански и турски) сликовници, како и четири со знаковен јазик.

За да се вклопиме во целата идеја преслушавме и изгледавме неколку книги и одбравме една, за двете кучиња со необични имиња, кои за малку ќе се скараа за една коска. За разлика од повеќето луѓе во слична ситуација, тие откако увидоа дека не можат еден без друг, сепак решија дека пријателството е поважно.

Слушнете ја и видете ја оваа убава приказна, како и останатите, на овој линк

 

16 декември 2016 - 17:29