Во текот на својата 856 години долга историја, Нотр Дам поминала низ многу нешта. Но еден писател и негов славен роман се најзаслужни што црквата го преживеала 19 век, кога готската архитектура била оставана да скапува.
Има луѓе кои кога ќе тргнеш да им раскажуваш сон почнуваат да превртуваат со очи и ја прават онаа „поштеди ме“ фаца. Она што тие не го разбираат е дека со тоа што ја намалуваат вредноста на овие нарации и самите се лишуваат од одлична можност.
Двајца француски професори покренаа петиција за остранување на сликата која го комеморира укинувањето на ропството, а е поставен во нивниот Парламент, затоа што бил расистички, понижувачки и дехуманизирачки во однос на црнците.
Се викал Жерар де Нервал. Живеел во 19 век и бил еден од главните претставници на францускиот романтизам. Неговите дела влијаеле и врз подоцнежните надреалисти. Но не само делата, туку и неговиот начин на однесување - на пример необичниот љубимец кого го шетал врзан за каивче.
Во раните 1980-ти еден западногермански музички фан дошол до генијална идеја - да им ги пере алиштата на ѕвездите. Така се родила Рокенрол пералницата.
Личи на „окото на Саурон“ или некаква морничава кружна форма опкружена со огнени јазици. До сега можевме само да ја замислуваме, но оние уметници кои тоа го правеле не биле далеку од вистината.
Бавни возачи, бавен интернет, бавни редици на каса - сите тие во најмала рака нервираат, а некогаш се повод и за агресивни реакции. Колку што светот забрзува, токлу прагот на толеранција за влечкање се спушта.
Денес на подарок добив „Венерина муволовка“, едно нешто кое во хорор цртаните делува страшно, а во живо кревко и нежно. Барем дур е мало. Е тоа растение наводно знае да брои.
Цели 87 години на крајот на март Холанѓаните ги промовираат своите писатели и читањето воопшто. А како подобро да промовираш, ако не со тоа што нешто ќе направиш бесплатно?
Кај секого од нас постои тенденција да се држиме до познати начини на решавање проблеми - ако еднаш нешто дало резултат нема причина да не даде и следниот пат. Нo психолозите повеќе се интересираат за спротивниот начин на мислење, оној флексибилниот, кој изгледа е и културолошки условен.
Пред некое време почнавме да објавуваме текстови за случки од животот низ очите на различни професии (тука и тука). Добивме впечаток како е да си бравар, фотограф, банкар. А што, новинарите не се луѓе?
Може на сите ѕвона да ни кажуваат како треба, но самите не се баш модели за однесување. Или што би се рекло народски - „не го слушај попот што зборува, туку гледај што прави“.
Форма на документарен театар, каде драмскиот текст се состои од искази на реални луѓе. Но тоа не е сè, тој (текстот) им се чита преку слушалка на актерите во текот на самата изведба, без претходна проба.
Го знаете она кога некоја песна ќе ти влезе во уво и ти ровари низ глава на рипит. Истиот тип на „заразност“ може да помогне да се научи нов јазик побргу отколку со традиционалните методи.
„Не се согласувам со она што го кажуваш, но до смрт ќе го бранам твоето право да го кажеш“. Убав - иако не секогаш остварлив - принцип на одбрана на слободниот говор. Но не го срочил францускиот просветител, туку една негова биографка.
Мoхамед Баруд имал 31 година и само што се оженил, кога бил осуден на доживотен затвор, само затоа што се осудил да напише поплака до властите. Една книга му го спасила животот.
Признанието се вика „Република на свеста“ (Republic of Consciousness), а членовите на жирито биле инструирани да решаваат по следниот принцип - „книгата Х или Y не може а да не ја добие наградата“.
Една од оние личности кои се постојано во друштво на најславните, но и покрај тоа (или заради тоа) постојано во сенка. Тоа не е причина да не се издаде сопствен албум и на прагот од седмата деценија.
Џон Едмонстон се родил како роб, а умрел како слободен човек. Некаде во текот на животот го подучувал Чарлс Дарвин на сè што знаел за препарирањето птици. А знаел многу.