Разно

Каде завршува Шенген?

По сите војни, освојувања и примирја географски Европа е дефинирана од Урал, Арас, Гибралтар и Босфор. Историски Европа се дефинира како цивилизација изградена на римското право и христијанството. По Шенген Европа се редефинира 8 пати.

Божјите заповеди се приватизираа

Најстариот познат камен запис на 10-те божји заповеди отиде на аукција и тоа доволно говори за светот во кој живееме. Почнале од 300.000, купено за 850.000 долари. Господ засега се нема јавено за авторски права, а и да се јави, најверојатно ќе изгуби по судовите.

Кога гласачите на левицата и на десницата ќе ѕирнат во профилите на „другата страна“

Не се работи само за тоа да влезеш во нечиј туѓ фејсбук профил. Се работи за влез во туѓа реалност, која не си ни знаел дека постои.

Зошто Хилари Клинтон изгуби

Самата Хилари верува дека за поразот е виновен Џејмс Коуми, директорот на ФБИ кој на само неколку дена пред изборите го извести Конгресот дека повторно ја отвора постапката против неа. Според луѓето од нејзината кампања причината е "збир неконтролирани ветрови во гради". Добар дел од демократите за ова ја обвинија нејзината кампања и стратегијата.

Бунтот на размазените

Откако компанијата New Balance го поздрави доаѓањето на Трамп, сопственици на нивни патики почнале театрално да ги горат и по интернет да ги шират таквите револуционерни фотографии. Некои модели на New Balance чинат и преку 500 долари.

Не е само да победиш на избори

За нас не е вест кога мртви луѓе гласаат. Вест е кога мртви луѓе ќе бидат изгласани. Е, тоа уште сме го немале. 

Трамп во најава

Изборите во Америка можат да се пренесат со една добра и една лоша вест. Добрата е што Хилари изгуби, лошата е што Трамп победи. Но, ниту Трамп падна од небо, ниту пак Хилари изгуби случајно. Мало пакетче од статии, анализи, мислења и интервјуа кои ги пишувавме на сајт додека едноклеточните организми се нервираа "кај ни е Пржино". Но, тие се нервираат и кога пишуваме за Дилан, така да, небитни.

Изборна фискална

Во земја во која се јасни финансиите, лесно е да се види колку чинеле гласовите. Клинтон боље у ТАТ да ги ставеше парите.

Гаокао, најтешкиот приемен на светот

Тинејџерите во Кина го минуваат најубавиот период од животот под огромни стресови, подготвувајќи се за приемен испит за на факултет. Оние кои успешно ќе го положат можат да очекуваат исти такви кариери, па дури и поатрактивни брачни партнери. За оние кои ќе кикснат, тоа обично значи запечатување на социјалната судбина.

Осигурување за лузери

Италијанец во изминатите 12 месеци купува 255 грепки од лотарија. Не му се паѓа на ниту една од овие 255 грепки. Крајно решение, оди на суд за да ја тужи лотаријата. Затоа што е Италија, ја добива лотаријата на суд.

Америка, мајка бежанија

Четвртина од Американците се закануваат со селење од земјата во случај на изборите да победи Доналд Трамп. Но, така викаат на истражувања на јавно мислење. А според фактите, токму во мандатите на Барак Обама рекордно пораснал бројот на Американците кои побарале друг пасош. Стивен Сигал знае за тоа.

Со три телевизори, а без храна

„Да живееше Емануел во Алепо, неговата мака и очај можеби макар накратко ќе добиеја простор во некоја од предизборните дебати. Но, Емануел останува невидлив бидејќи живее во домашната ничија земја на сиромаштија, дроги и безнадежност“, пишува Њујорк тајмс. Читајте глобално, мислете локално.

Пропадна божјиот план за ХААРП-от

Во јужна Џорџија се уапсени две лица што планирале да упаднат во плантажата на ХААРП-от на Алјаска и да ја дигнат во воздух целата инсталација, за да ги спасат заробените души. Работеле под директни инструкции на Господ.

Што сè влијае на твојот глас на избори

Без разлика на успешноста на нечија изборна кампања, се до самиот крај одлуката за гласањето е под влијание на најразлични, често пати ситни, уште почесто потсвесни склоности, што се вон сечија контрола.

Како Америка треба да го искористи својот статус на суперсила?

Идејата за автомобил без возач е одлична како концепт и има огромна поддршка, ама кога ќе влезеш во таков автомобил прво нешто што ќе побараш се волан и кочница, за секој случај. Е па, истото важи и за свет без возач / суперсила.

Државата што се откажа од правење долгови

Ниуе е една од оние пинцурски острови држави во Пацификот со вкупна површина од 260 километри квадратни и популација помала од 2.000 луѓе. Неодамна владата на земјата и овие неполни 2.000 жители успеаа да го отплатат својот долг кон странство од 4 милиони долари, по што ветија дека никогаш повеќе нема да се задолжуваат.

Уапсена девојката со фотошопираните зелени очи

На оваа Авганистанка фотошопот два пати ѝ се замеша во животот, во обата случаи на судбински начин: после првиот пат стана глобално славна, после вториот пат ќе биде локално затворена.

Студена војна 2.0: како Русија и Западот се вратија во времето

Многу пати нè лажеа, ни носеа одлуки зад грб, нè ставаа пред свршен чин, ова се случуваше со проширувањето на НАТО на исток, и со поставувањето на воена инфраструктура на нашите граници, порача Путин во 2014, на говорот по руското анектирање на Крим од Украина. За генералите на НАТО во Белгија, ова е моментот кога сфаќаат дека почнува Студената војна 2.0.

Чешки аргумент против менување име

Шест месеци откако Чешка, без никој да ја замара и да и кенка, од ведро небо реши да го смени сопственото име чисто заради препознатливост на брендот, властите воочија дека никој не им го користи новото име - Чехија.

Американски десант на Исланд

Комбинацијата на пустелија, арктичка егзотика, одлични кадри за Инстаграм и прилично мирољубива и богата држава, се покажа добитна барем за туризмот на островот.

Вицовите на Путин

Хрватскиот претседател Месиќ своевремено беше цар за вицеви. И Владимир Путин обожава да ги кажува ама најсмешно од сè е кога е видите колку Ангела Меркел не е импресионирана од нив.

Италијанската мафија како бутик за антиквитети крадени од ИСИС

Во изминативе години на југот од Италија се случува неприродно сојузништво во кое италијанската мафија почнува да соработува со ИСИС, најчесто на замена на сандаци со Калашникови за сандаци со антиквитети.

Хилари треба итно да си ја смени фацата

Кога е сериозна изгледа како префригана кучка. Во последно време пробува да ја нуди "насмевката на баба" за да го ублажи таквиот впечаток но не ѝ оди најдобро. Просто, на Хилари насмевка ѝ стои како фрак на Стивен Хокинг.