Разно

Лос Анџелес или ќе плати милијарди или ќе го снема во океан

Градот и неговата околина од прва рака ќе имаат можност да се запознаат со последиците од глобалното затоплување и кревањето на нивото на океаните, доколку во најскоро време не почнат да работат на проблемот.

Влезница по цена на раат

Билетар во парк во Токио започнува сопствена програма на гратис влезници во која единствен критериум е да си странец.

Варуфакис и Берни се сплотија во Прогресивна интернационала

На 30-ти ноември во Вермонт ќе биде промовирана „Прогресивната интернационала“ на Варуфакис и Берни Сандерс, движење замислено како контра-тежа на „подемот на култот на ултра-националистички апсолутистички групи“.

Поместувањето на времето ја подели ЕУ

Европа денес за последен или претпоследен пат ги поместува часовниците бидејќи сѐ поголем е притисокот да се укине глупиот ритуал на менување на времето два пати годишно со кој ни енергија заштедивме ни бутур. Проблем е што секоја од 28-те членки на Унијата, проблемот го гледа со различно светло.

Како Стивен Фрај ги натера Ирците на референдум

Фрај во едно интервју од пред три години го нарече Господ „глупав, злобен и каприциозен“. Еве ги денес Ирците, се изјаснуваат по тоа прашање.

Сан Франциско ја покажува иднината на капитализмот

„Нешто овде ќе експлодира и тоа најверојатно ќе биде општеството,“ пишува Вајс опишувајќи го градот кој пука по шавовите, со огромни економски нееднакости, енормно големи кирии a вработени наставници кои се бездомници.

Британската влада го забрани терминот „фејк њуз“

Затоа што англискиот јазик и онака е богат со соодветни зборови и фрази, нема никаква потреба од користење на омилениот термин на Трамп, посебно не во службени документи на британската влада.

Сибир како главна награда

За веројатно да покаже дека е факман за социјални медиуми, руски министер на Инстаграм понуди таинствена награда. После цела бука, испадна дека наградата е парче земја во вукојебина на истокот, земја која владата и онака ја дава бесплатно. За кршот да биде комплетен, наградата од министерот ја доби кутра девојка која веќе живее таму.

Рајанер предвидува лоша зима за летање

Неколку европски нискобуџетни авиопревозници затворија дуќан а најголемиот од нив, Рајанер, ќе мора да ги ревидира бројките со кои ќе ја заврши оваа година. Што заради цената на горивото, што заради синдикални протести.

Не е само до популизмот, сè се менува

По месеци кревање паники околу подемот на крајната десница во Баварија, на крајното пребројување АФД со 10,2% беше на антиклимаксно 4-то место по бројот на гласови. Она што ретко кој го спомна во прогласувањето на „историскиот пораз на ЦСУ“ е дека и левата Партија на зелените на овие избори имаше 8,9% повеќе гласови во споредба со претходните.

Не е лесно да се подарат 10 милијарди долари

Примерот со Пол Ален покажува дека не е лесно осмислено да се потрошат блесаво огромните пари кои ги поседува современата елита. Човекот се утепа од донирање и трошење и сепак заврши со дупло повеќе пари отколку што имаше пред да почне да донира.

Елизабет Ворен докажа декa е Скво

Трамп погрдно ја нарекуваше Покахонтас затоа што на колеџ се пријавила како член на малцинството. Ворен прави ДНК тест и му докажува дека има индијанско потекло. И што е тоа битно? Но, ако ништо друго, ова е сигурен знак за почеток на нејзината кампања за претседател на САД во 2020. Можеби сепак ќе имаме за кого да навиваме.

Не беше Американецот за политичка коректност

Водејќи се по социјалните мрежи САД е поделен на два кампа, еден речиси исклучиво бел и машки, и еден млад, најверојатно женски, доминантно црн, кафеав или азијски, и овие два кампа не се согласуваат речиси околу ништо. Водејќи се по реалноста најголемиот дел од Американците не припаѓа во ниту еден од овие кампови и имаат далеку повеќе работи околу кои се согласуваат отколку што тоа изгледа - на пример, аверзија кон културата на политичка коректност.

Опиумот како религија на властите

Додека мексиканските војници и полиција секојдневно гинат по улици во крвавите пресметки со нарко-картелите, министерот за одбрана ја нафрли идејата дека со легализација на опиумот можеи би се ставил крај на повеќедецениските крвопролевања.

Невидливата популација на ЕУ

Се работи за луѓе кои се дојдени во Европа повеќе години пред бранот мигранти од 2015, и кои цело ова време работат, живеат и трошат во Европа, а притоа ниту една влада ги нема ни заведено, ни знае дека постојат.

Сосема приземен Швајцарец

За време на генералното собрание на ОН, еден Швајцарец го привлече вниманието опуштено седнувајќи на тротоар да одмори нозе. Не е кој било Швајцарец. Претседателот им е.

За брегзит што правиме?

Тоа што брегзит беше консултативен референдум, неговите резултати (исполнет цензус и само 3% разлика меѓу заминување и останување) на ниту момент вистински не ја поколебаа целата британска бирократска машинерија да тргне кон спроведување на крајниот исход, без разлика што тоа значеше отцепување од ЕУ. Сепак на околу 6 месеци пред заминување не се знае како тоа точно ќе изгледа.

Бафет, Закерберг и митот за штедливиот милијардер

Луѓето имаат изразит мерак на стории за наводната скромност и штедливост на милијардери како Бафет (пример дека живее во иста куќа што во 1958 ја купил за 31.500 долари) или Закерберг (дека вози Фолксваген) или Гејтс (дека има часовник од 10 долари) дури и ако истите стории не се целосно точни.

Кога една приказна ќе ја грабнат прави луѓе

Во јули 2018 едно трагично 2-минутно видео станува вирално. Африка, група војници по тоа пустелијата спроведуваат две жени и две дечиња, им ги врзуваат очите, ги клекнуваат и ладнокрвно ги убиваат, пукајќи во нив 22 пати! BBC Африка решава да дознае што може да се дознае од едно таквo видео. И дознаваат ама баш сè, вклучително и деталот дека ѕверството е направено со српска Застава М21 која ја користи камерунската војска.

Рашковски до Канада

Канадски политичар нагази лошо на предизборно минско поле кога покажа дека нема абер за реалните, секојдневни трошоци на обичниот народ. А бара стегање на каишите.

Ако нивните елити дремат, некои народи остануваат оцрнети

„Фикцијата ја голта историјата“, вели во еден скорешен текст нобеловецот Марио Варгас Љоса кој зборува за опстанувањето на црните легенди против Шпанците, кои, иако создадени како пропаганда на нивните империјални непријатели, останале да живеат заради неспремноста на шпанската елита да се брани од нив и да ги раскринка.

Рускиот план за извлекување на Асанж од Лондон

Планот за вадење на основачот на Викиликс од амбасадата во Лондон за време на католичкиот Божиќ во 2017 не е исполнет затоа што се покажал како премногу ризичен, се тврди во веста објавена од Гардијан.

Зошто Русите упорно ја посетуваат Бутина во затвор

Од апсењето во Вашингтон во јули годинава девојката чека судење по основа дека била руски шпион во САД. Во меѓувреме Лавров неколку пати има разговарано со американскиот министер за надворешни работи околу Бутина, а на неа често пати, преку стакло, и гостуваат високи руски функционери.

Франција призна убиство на математичар

Франција е татковина на стотина прочуени математичари од рангот на Декарт, Блез Паскал, Лаплас, но ниедна математика не го спасува човека ако државата реши да го реши, и тоа да биде легално.