Offside

Тешка тема е ова на толку голмански легенди кои произлегоа во фудбалот, но за Џиџи нема дилеми околу првите три места.

Златан е командант уште на првиот меч за Милан

Ти оди лево, ти десно, вие двајца бркајте позади, а ти со мене во напад. Ете тоа е Ибра кој уште на првиот собир на подготвителен меч со Милан се постави со своето големо искуство и авторитет. Два месеци и кусур нема одиграно натпревар, а веќе даде гол и направи асистенција.

Сите голови на Ливерпул во финале во ерата на Клоп

За четири и пол сезони ги однесе во седум финалиња. Од нив освои три и тоа сите во 2019-та со кои стигна до историска тројна меѓународна круна, што не му успеало на друг англиски клуб. Голот во финале носи посебна емоција, а навивачите на Ливерпул уживаа во вкупно 9 откако ги води Германецот. Три се на Мане.

Потег на Дејан на 14 години во сала ала Рикардињо

2014: Кое ли е детево што вака му го испи мозокот на противникот со Нејмар, Фалкао, Рикардињо или каков и да е потег? 2019: Трансфер во Јувентус за 35 милиони евра.

2020-та - златна можност за една наша извонредна селекција

Имаат квалитет, игра, хемија, а за желба да не збориме. Добија и Лига преку која патот е најреален. Докажаа дека можат да одат по него, но мора да го изодат до крај, а тоа се ближи. 26-ти и 31-март ќе дојдат многу брзо.

Како Златан го направил првиот трансфер во кариерата

На денот кога можеби го направи последниот трансфер, одиме 19 години во минатото со една куса анегдота која ја раскажува самиот Златан. Ова е голема потврда колку значел уште тогаш, ама и колку клубот што го купил бил принципиелен. Сите морале да го видат.

Во мексикански затвор фудбал договориле два клана, резултат 16 загинати, 5 ранети

Периодот околу Нова година и верските празници е време за нови почетоци и простувања, ама така не мислеле и во затворот во Сиенегиљас, град во Мексико.

Легендарно фото на денот

Уф на што налетавме. Фотографија на КК Работнички, ама од сезоната 1992/1993 кога се формираше првата македонска лига. Каква фотка, какви легендарни ликови, какви времиња за македонската кошарка. Каков спонзор на дресовите. Ова е историја.

Црвениот барон слави 51. роденден - видео сеќавање од епска трка

Иако во последно време за него се зборува само преку трагедијата од пред 6 години кога тешко се повреди на скијање на француските Алпи, легендарниот Михаел Шумахер ден-денес е владетел на некои големи подвизи и рекорди во Формула 1.

Нов ден, нов делириум за Ибра

И покрај тоа што веќе беа да го видат и го блокираа аеродромот од каде едвај го извлекоа, навивачите на Милан и денеска се во еуфорија за кам бекот на Златан кој имаше презентација на која го подигна дресот со број 21.

Ливерпул нема пораз 365 дена, до рекордот на Арсенал им фалат 12 меча

Фудбалерите на Ливерпул синоќа го совладаа Шефилд Јунајтед со 2:0 со головите на Мане и Салах и постигнаа неверојатен успех - победничка серија која трае цела една календарска година.

Дончиќ, ти ме лекуваш од епилепсија

Пред мечот на кој Лука го растури Бруклин со 31 поен, 13 скока и 7 асистенции, едно дете држеше банер со натпис „Докторот ми кажа дека тоа што го гледам Дончиќ ми помага со епилепцијата. Цели девет месеци не сум доживеал напад“. Овој банер го видел асистентот тренер во Далас кој го зема детето од трибина и го донесе кај Дончиќ.

Како Кулушевски во дрес на Македонија ја измеша одбраната на Србија

Многу ќе беше подруго сега да пишувавме наслови од типот: Македонскиот репрезентативец Дејан Кулушевски направи сензационален трансфер во Јувентус за 35 милиони евра на само 19 години, ама јебига. Останува само да утврдиме што дете сме испуштиле. Нека му е со среќа.

Гледајте и учете како се игра баскет еден на еден

Лука Дончиќ во ред, страшен е, нема збор, ама он не бил роден кога чикицава почнал да држи лекции по баскет во маало. Мали облечи се ќе настинеш.

Судија тебе уште да не те држи од Нова година?

Сезонава многу често се зборува за судиски грешки во Англија кои се поврзани со сомнителни ВАР одлуки. Но во трета лига нема видео повторување, ама затоа има судија кој подзаборавил на правилата.

Врвна статистика на декадата

Бидејќи деновиве е ИН да се прават споредби 2009-та со 2019-та, да ѕирнеме и малку статистика на таа тема, ама опасна. Ете до колку се мрднати овие двајца. Кој ли ќе ги стигне нивните дострели со кои ги поместија границите во фудбалот?

Гол на месецот во Танзанија

Брајсон Рафаел со страшен полу-волеј постигна гол за неговиот Азам против Сингида Јунајтед на гости. Ако кај нив тоа на гости значи нешто со оглед на полу-празните трибини.

Стариот добар Руни се врати во Англија, стави капитенска лента и асистираше за гол

После пола година Вејн Руни одново игра во англиски клуб, овојпат на ниво подолу од Премиер лигата. Во Дерби Каунти дојде како играч-помошен тренер кој ќе му помага на Холанѓанецот Филип Коку.

Најдоброто од човекот кој не знае за доста

Точно е дека Меси имаше нова извонредна сезона со 50 погодоци, ама Левандовски 2019-та ја заврши со 54. Пољакот е ненаситен и оваа година и само сезонава која е до пола има постигнато 30 комада. Баерн Минхен се обиде да ги издвои најубавите и најважните за изминатата година.

Секој член од НБА семејството е корисник на неговата визија

Џордан, Пипен, Брајант, Леброн, Меџик Џонсон...Еден куп актуелни и поранешни НБА ѕвезди твитнаа по нешто за легендарниот Дејвид Штерн и напишаа дека се горди што се ракувале со него. Најдобрата потврда за тоа каков револуционерен лик беше ќе ви ја даде тој што го наследи.

Судијата кој го избркаа од Премиер лига поради шега за инвалиди

Поранешниот судија од Премиер лига Роберт Медли конечно, после скоро 6 месеци, реши да раскаже за причините поради кои го отпуштиле од работа во август минатата година. Направил моронска шала, ама доблесен е да признае и да се извини.

Фудбалот во Бразил го играат дури и свештенички

И тоа добро го играат, не само ради реда. Со многу осет за топка, за простор, за спротивната страна. Секоја чест. Играат далеку подобро од некои машки.

Многу јак момент на Јирген Клоп на првиот тренинг во 2020-та

Клоп, со неговите помошници и уште 12-13 играчи се собрале на првиот тренинг во Новата година. На Питер Кравиц, еден од помошниците на Клоп, на 31 декември му било роденден. Работат заедно уште од времето кога Јирген беше во Мајнц. На барање на Клоп, секој играч на својот јазик ја испеал Happy Birthday а меѓу нив и новото засилување, Јапонецот Минамото.

Од сите радости за Ибра во Милан го издвојуваме ова

Збудалени се од среќа затоа што им доаѓа на помош ѕвезда со која го освоија последното Скудето, даде 56 гола за две сезони (2010-2012), држи форма на 38 години, има реноме, авторитет, волја за надигрување во секоја средина и што е најважно желба да се врати како што вели тој дома.

Златан слета, Милано полуде

По седум години Златан Ибрахимовиќ направи кам бек на Сан Сиро, каде во оваа очајна состојба за клубот со душа го чекаат за да им помогне. Изјави дека се враќа дома, а на аеродром го пречека Ѕвонимир Бобан со кој на писта ја врзаа малку и на српски.