Тренерот на Тотенхем не можел да издржи долго време без тренинзи, излегол на улица и го прекршил карантинот како мерка од британските власти.
Мурињо го приметиле во еден парк во реонот Халди Комон каде тренирал заедно со тројца луѓе меѓу кои бил и Танги Ндомбеле за кого Тотенхем лани летото плати 65 милиони евра.
Чарли Еклшер, новинар на The Athletic раскажал детали за прекршувањето на карантинот. Имено, Ндомбеле е единствениот играч на Тотенхем за кого Мурињо јавно зборуваше дека слабо игра и дека е во очајна форма поради повредите кои го следат.
„Ова изгледа му е десетта повреда сезонава. Тоа го спречува да игра стабилно. Имаме само три дена меѓу натпреварите и Танги одново се повреди“, изјави еднаш Мурињо сезонава.
После ремито против Барнли кога Тотенхем разочара, Мурињо пак зборуваше за него: „Некој треба да разбере дека ова е Премиер лига. Првпат на гости кај Барнли, ново искуство. Се надевам дека во следната сезона овој играч ќе игра подобро. Има голем талент, но мора да сфати дека треба да игра подобро зошто јас не можам да му давам играчко време затоа што настапот на екипата е многу поважен“.
Според Еклшер, додека бил во карантин Мурињо решил дека сега му е потребна поддршка на Ндомбеле. За да му покаже дека е дел од екипата, Жозе го викнал на индивидуален тренинг.
Ништо посебно немал во план, посто фитнес истегнување на свеж воздух. Главната цел на Мурињо му била псисхолошки да го крене Французинот со африканско потекло.
Се совпаднао и појавувањето во кадар и Дејвинсон Санчез и Рајан Сесењон, исто играчи на Тотенхем кои исто живеат во близина кај Ндомбеле и двајцата биле видени како трчат и ја прекршиле препораката за растојание од два метри. Кога ги виделе Жозе и Ндомбеле отишле кај нив за да добијат некои инструкции.
Во Велика Британија нема формален карантин. Иако не работат рестораните и кафулињата и на сите им се препорачува да седат повеќе време дома, нема тотална забрана за излез на улица. Воглавном да не се движат во двајца и да држат дистанца поголема од два метри.
Од клубот соопштија дека веќе зборувале со тренерот и фудбалерите и дека ги опоменале дека мора да го почитуваат растојанието додека се излезени надвор.
Грешката на крајот ја признал и сам Мурињо.
„Се согласувам дека моите дејствија не одговараат со протоколот на државните власти и ние треба да контактираме само со членови од нашето семејство. Најважно е да се придржуваме до мерките и хероите од Националната служба за здравство“, изјавил Мурињо.
Или што би рекол: „Денес, утре и засекогаш Барса во моето срце“ (1997-ма по освоениот Копа дел Реј како помошник тренер во Барселона)