На видео разговорот од едната страна е судијата, а на другата Роналдињо, брат му и уште двајца ликови со маски, а сето тоа го сними парагвајска телевизија и го пушти во етер.
По месец дена во притвор каде виртуозот со топката имаше можност и да спортува, Роналдињо и брат му излегуваат откако платија 1,6 милиони долари.
Судењето за случајот сега ќе го чекаат од куќен притвор каде воопшто нема да им се слоши бидејќи се работи за елитен хотел.
Инаку тие заминаа во Парагвај на 6 март за да присуствуваат на промоција на книга за Роналдињо, но беа откриени дека сакаат да влезат со лажни пасоши.
Куќниот притвор на Бразилецот