Offside

Очекувањата биле да достигне цена од 10 милиони, колку беше продаден дресот.

Жонглер на денот кој заврши со жонглирање во карантин

Фудбалерите за време на короната се снимаат дома со топка, а навивачите обично пејат или пуштаат навивачки песни на балкон. Овој изгледа бајаги се има проценето, мислејќи дека спаѓа во првите. Карантинот од сега ќе му се одвива само на балкон.

Камп Ноу затворен? Цело маало грми Меси

По примерот во Италија каде цели квартови пејат, свират, играат, во Барселона една од првите вечери во карантин му ја посветија на нивниот крал.

Италијански навивачки проблеми

Ова со рокањето музика од балкони во Неапол на пример тече без фрки, бидејќи се пее само за Наполи, ама кризно подрачје за ваков вид на забава е Рим. Од една зграда се слуша песна за Рома, а ликов кој навива за Лацио е до толку гневен што решил да им се симне со стап.

Да не сте ја пипнале, корона има

Или поточно како во Ангола голманите задржуваат време.

Да го послушаме апелот на Булеварко

Со оглед на тоа што сметаме дека муабетот му е скроз на место, ние радо прифаќаме да ги отвориме спортските архиви.

Додека и тенисот е во мирување

Некој жонглира фудбалска топка, некој тоалетна хартија, а има и такви позитивци што не можат без тенис, макар преку прозор.

Две ремек дела на Роналдо и Меси кои не застаруваат

Тоа што фудбалот е на стенд бај, не значи дека нема што да гледаме. За него има екстремно богата историја, за која не треба многу длабоко да се копа за да се ужива.

До вчера го пцуеа, сега неговата компанија може ќе измисли вакцина

Сопственикот на германскиот фудбалски клуб Хофенхајм и еден од најгобатите луѓе во Европа, Дитмар Хоп неодамна беше грубо навредуван од поедини навивачки групи во Германија. Сега неговата компанија е водечка во трката за пронаоѓање на вакцина против коронавирусот.

Што прави Салах додека трае паузата во Премиер?

Едно видео на интернет ги изнасмеа сите, па дури и легендарниот Икер Касиљас.

Руни со волеј до британските власти: Нè третирате ко морски прасиња

Вејн Руни ретко се огласува на нефудбалски теми, но ситуацијата со коронавирусот го натерала да распали по актуелната влада. Напиша колумна за The Sunday Times.

Штета што се играше без публика па немаше кој да го види голов

Изминатиов викенд се одиграа првенствени средби само во некои лиги. Турците уште тераат нормално, само без гледачи. Денизлиспор го победи Генчлербирлиги со спектакуларен гол на Хуго Родаљега.

Како македонските напаѓачи разбиваат монотонија по дома

Фудбалерите смислија предизвик кој почнаа да го шират од дома за време на карантинот. Го практикуваат многу играчи, а конкретно овој се однесува на напаѓачите. Кај нашите го почна Нестор.

Што сум ти згрешил бе мајсторе?

Руското првенство е едно од малкуте кои преостанаа да се играат во Европа. Битките со короната не знаеме како ги водат, ама овие на терен како да ви кажеме. Ова е од мечот Ростов - Локомотив Москва и замислете помина само со жолт картот. Коментаторот не можеше да се доначуди.

Роналдо ги приспособува своите хотели за болници

Кристијано Роналдо го потврди својот голем интерес за општеството и одлучи да го конвертира ланецот на хотели во Португалија во болници со цел да помогне во борбата против ширење на коронавирусот, пишува Marca.

Сампдорија најпогодена екипа од коронавирусот

Како најголемо жариште од коронавирус во Европа, во Италија има повеќе од 17.000 заболени, а меѓу нив и неколку фудбалери. Најпогоден е клуб од Џенова.

Во меѓувреме одиме во Парагвај

Односно кај дечкото за кој уште некако не ни влага во глава дека се наоѓа во затвор во Парагвај. И таму игра фудбал, ама за прасечко, а ова е дел од неговиот пост фудбалски живот на слобода.

Сите ќе бидеме махери на колото за време на вирусот

Кладилниците се затвораат, што значи се ослободуваме од вечниот добро познат проблем како „Една ме заеба“. Јелена е целосно во право. Малери нема да има, барем периодов.

Роналдињо збрцал 5 гола во затвор и за награда добил прасе

Не дека за фалење е ова од насловот, пазете за Роналдињо зборуваме, ама овие што играле од негова има да се фалат додека се живи. Знаеш ли со кој играв фудбал во иста екипа во затвор? Со кого? Со Роналдињо. Е како не?

На Марио Геце изгледа му е досадно по дома

Ова сега почнува, а Бундеслига вчера одлучија да ја сопрат, така што назад ни е зимата друже, односно пролетта. Али добро, ти си знаеш.

Што ви остана за кладење

Од топ 5 лигите сите откажаа, со се втори и трети лиги се разбира. Нема фудбал ниту Австрија, Швајцарија, Холандија, Белгија, Шкотска и скоро во цела Европа. Со други зборови џабе ќе го отворате билтенот, иако уште се наоѓа по нешто.

Убави спомени за вардарци од едно гол шоу на Градски

Додека да пофатиме кој сè го стопира спортот во светот и кој се разболел, ни избега едно доста убаво и атрактивно парче видео кое вчера направи 7 години од своето постоење. За жал и тогаш стадионот како да бил под мерки поради вирус.

Пеналот на Волфсбург и шут во орбитата

Во Лига Европа синоќа се одиграа неколку натпревари од Лига Европа а две средби и покрај сите препораки, се одиграа со публика: во Турција и во Шкотска. А во Германија на мечот Волфсбург - Шахтјор (1:2), два промашени пенали уште во прво полувреме. Прво гостите, па домаќините преку Вегхорст.

На овие не им треба вирус за прекин, судија подели 8 црвени картони

Додека во Европа спортот се стиши, во Јужна Америка фудбал се игра па и топови да бијат. Еден меч од Копа Либертадорес донесе дури 8 црвени картони и масовна тепачка на терен.