Поради вирусната пандемија сезоната во англиската трета дивизија Лига 1 не се доигра, а за конечна табела ја прогласија онаа што беше во моментот на прогласување стоп на фудбалот и карантин за екипите.
Првите две места директно ги одведоа Ковентри и Ротерам во Чемпионшип, а уште четири други клубови се бореа за едно место преку плејофот.
Во понеделникот Викомб Вандерерс го победи Оксфорд Јунајтед со 2:1 и првпат во својата 113-годишна историја се најде во вториот ранг на англискиот фудбал - елитниот Чемпионшип.
Пред почеток на сезоната на Викомб Вондерерс му прогнозирале испаѓање во четврта лига, а екипата во предсезоната имала само девет играчи под професионален договор.
Виком го има еден од најмалите буџети во лигата а последен пат за пари купиле играч во летото 2010-та!
THE SCENES!
— Football Daily (@footballdaily) July 13, 2020
Wycombe Wanderers have been promoted to the Championship 👏 pic.twitter.com/TVnpUYRxn2
САМО КЛОП МОЖЕ ДА МИ СЕ ЈАВИ ДА МИ ЧЕСТИТА НА ВОТСАП
Најмногу од сите се радуваше култниот напаѓач Адебајо Акинфенва - 38-годишниот снажен центарфор полуде од среќа:
🗣 - "Tell me what we did!? I don't think they heard you at the back!"
— Sky Sports Football (@SkyFootball) July 13, 2020
📲 - "The only person that can hit me up on WhatsApp this time is Klopp so we can celebrate together!"@daRealAkinfenwa may have just given the best post-match interview ever...😂 pic.twitter.com/Ubfu5jZ1ep
А интересно, Клоп му се јавил на Акинфенва и му честитал пласман во Чемпионшип:
🤙 @DaRealAkinfenwa told Jurgen Klopp to hit him up on WhatsApp…
— SPORF (@Sporf) July 13, 2020
👏 …and that’s what the @LFC manager did! pic.twitter.com/4NAcbh7LHU
Акинфенва е права жива легенда на англиското фудбалско подземје. Тој важи за голем навивач на Ливерпул па оттука и симпатиите кон Јирген Клоп. На крајот од јуни Акинфенва дошол на клупски собир во Виком со дрес од Ливерпул кој неколку дена подоцна стана шампион.
„Првпат сум среќен да платам клупска казна! Ливерпул е шампион!“, напишал Акинфенва на инстаграм.
Во 2015-та година на Викомб му се посреќи да игра со Ливерпул во ФА Купот. Изгубија 1:2 а Акинфева бил пресреќен зошто после мечот добил дрес со потпис од Стивен Џерард:
АКИНФЕНВА Е ПРАВА ЛЕГЕНДА НА ИГРИЦАТА FIFA
Адебајо како и неговиот клуб Викомб никогаш не играл погоре од Лига 1. Но затоа играл во квалификации за Лига на шампиони и Куп на УЕФА!
Во 2001-ва година Акинфенва бил играч на литвански Атлантас којшто играл во второто квалификациско коло од Куп на УЕФА (порази 0:4 и 0:8 од Рапид Букурешт).
Адебајо после една година отишол да игра во Бери Таун со кој станал шампион на Велс. Интересно тогаш во првото квалификациско коло за Лига на шампиони Вардар беше поуспешен од Бери Таун (победи од 3:0 и 1:2).
Во 2016-та година огромниот, несекојднено голем за фудбалер даде многу емотивно интервју. Неговиот тогашен клуб Вимблдон го совлада Плимут и влезе во трета лига. Само на Акинфенва не му го продолжиле договорот. Клубот не верувал во 34-годишниот дебелко.
Но му веруваше Викомб Вондеререс каде тој возврати со 53 гола и 37 асистенции на 173 меча.
Адебајо и Виком од следната сезона ќе ги гледаме во Чемпионшип.
Акинфенва е познат по еден сериозен факт - тој од година во година е најснажниот фудбалер во фудбалот. Во 2017-та година стана рекордер во Гинисова книга на рекорди како прв фудбалер во светот кој шест години по ред е прогласуван за најсилен играч во FIFA играта.