Арбитражата ја прифатила жалбата со која што Манчестер Сити го оспоруваше решението на УЕФА. Европската фудбалска унија во февруари годинава реши да го исклучи Сити од еврокуповите на две сезони поради кршење на финансискиот фер плеј.
Спортскиот арбитражен суд ја намалил и паричната казна од 30 на 10 милиони евра. Во образложение на одлуката, CAS наведува дека „наводни кршења на прописите не се востановени или се застарени“.
„Поради тоа сметаме дека не е прикладно да се забрани учество на клубот во натпреварувањата на УЕФА. Прикладно е почетната казна на УЕФА да се намали за две третини“, пишува во пресудата на судот“.
— Martyn Ziegler (@martynziegler) July 13, 2020
Според денешната одлука, Манчестер Сити ќе може да игра во Лига на шампиони следната сезона. „Граѓаните“ веќе и теоретски обезбедија пласман во ЛШ. Се наоѓаат на второ место во Премиер лига со 72 бода.
Сега борбата за 4. место кое води во ЛШ од Премиер лига ќе биде уште покомплицирана. Ливерпул и Сити се сигурни, а за преостанатите две места ќе се борат Челси (трето место 60 бода), Лестер (четврто место 59 бода), Манчестер Јунајтед (петто место 58 бода и меч помалку, против Саутемптон во понеделник вечер).
Во последните три кола шанса за 4 место има и одличниот Вулверхемптон кој собра 55 бода.
Сити беше исклучен од еврокуповите и казнет 30 милиони евра поради сериозно кршење на финансискиот фер плеј и лиценцирањето како и за неточни извештаи за спонзорските приходи од 2013 до 2016.
Инаку Сити еднаш веќе беше престапник од правилата на УЕФА затоа што во сезоната 2013/2014 исто така ги кршеа правилата за трансфери. Тогаш беа „удрени“ по џеб и мораа да платат 60 милиони евра а во Лига на шампиони (пази ова) - една година не можеа да регистрираат повеќе од 21 фудбалер за турнирот.
Истрага за малверзациите во Сити се покрена по репортажата на германскиот Der Spiegel во 2018-та година каде се откри како сопственикот на Манчестер Сити, Шеик Мансур бин Зајед Ал Нахјан прикажувал дека компанијата Етихад дала 67,5 милиони фунти за спонзорство на дресот, а испаднало дека Етихад дал само 8 милиони додека другите пари биле слевани од компанијата на Бин Зајед, Абу Даби Јунајтед Груп.
Многу европски, посебно англиски клубови се разочарани од ваквата одлука, особено оние кои имаат шанси за пласман во Лига на шампиони во случај Сити да беше исфрлен, а реакции веќе има и од шпанска Ла Лига, како и од германската Бундеслига.
Hard to see how UEFA’s FFP rules can survive this. In fact, can UEFA survive the ramifications?
— Gary Lineker (@GaryLineker) July 13, 2020
Финансискиот фер плеј УЕФА го воведе во 2011 година за да се избегне трошење астрономски суми на фудбалскиот пазар.