
„A little bit crazy", гласи насловот на ударната вест на официјалниот сајт на Арсенал, посветен на уникатниот погодок на Тиери Анри.
Се работи за јубилеј од таа прекраснотија, која во живо ја сведочеа, сите оние кои имаа купено карта за мечот одигран на Хајбери, на 1 октомври 2000-та.
Голот има уште поголема тежина, бидејќи е постигнат против Манчестер Јунајтед, па уште и единствен, а со тоа се подразбира и одлучувачки.
„Анри оствари клупски рекорд во Арсенал со 228 гола. Импресионираше во својата прва сезона 1999/00, постигнувајќи 25 гола, откако се трансформираше од крило во напаѓач по неговиот трансфер од Монако. Се чинеше речиси невозможно да се замисли дека францускиот напаѓач влезе во натпреварот против Манчестер Јунајтед, без да постигне гол речиси еден месец. Последен пат стрелаше во ремито 2-2 против Челзи. Манчестер Јунајтед, во меѓувреме, влезе во натпреварот непоразен на почетокот на сезоната, обидувајќи се да ја освои третата титула во Премиер лигата по ред.
По претпазливи почетни 30 минути помеѓу два тима кои ги завршија последните три сезони на првото и второто место, натпреварот беше отворен со момент на чиста магија. Фреди Љунгберг доби слободен удар откако беше соборен од Дејвид Бекам, дозволувајќи му на Жил Гриманди да ја додаде топката во Анри. Напаѓачот, свртен со грб кон голот, ја удри топката со десната нога, без да гледа кон голот на кој стоеше неговиот сонародникот и соиграч Фабијан Бартез, со кого две години претходно го освоија Светското првенство“, пишува во објавата на Арсенал.
По натпреварот, Арсен Венгер брзо го пофали играчот со број 14, и изјави дека тоа е негова лично инвентивност, со која ја прекина сушата од постигнување голови.
„Кога не постигнувате голови, понекогаш треба да пробате нешто лудо за кое не мора да размислувате, туку едноставно да го направите. Тиери играше со многу поголема слобода откако го постигна тој гол“, рече францускиот стратег.
Тој гол ја започна серијата од четири гола во неговите четири следни натпревари, а сезоната ја заврши како најдобар клупски стрелец со 22 гола во сите натпреварувања.
„Постојано велам, сум постигнал потешки голови од тоа, но тие не беа против Манчестер Јунајтед. Секогаш пробував работи. Луѓето понекогаш ме нарекуваа дрзок и арогантен, а јас бев самоуверен. Знаев дека можам да постигнувам голови. Правев потешки работи од тоа на тренинг за да бидам сигурен дека можам да ги направам и во игра“.